Економија
Понуда на Вип: Бизнисмените кои знаат плаќаат најмалку, а добиваат најмногу
Не постои ниту еден бизнисмен кој не би сакал да ги намали трошоците на работењето, а токму намерата на Вип e преку својата палета понуди да биде грижлив бизнис-артнер. Таква е и последната понуда на компанијата, Вип-бизнис, структуирана на начин што ја прави прифатлива и неизбежна за секоја канцеларија.
„Во бизнисот ништо не треба да ограничува, затоа сите оние кои избираат Вип нео комуницираат опуштено и неограничено со своите бизнис партнери и вработени. Со Вип нео има толку многу интернет што секој бизнисмен може целосно да се опушти во комуникацијата и вистински да се посвети на она што е важно за успехот и растот на бизнисот“, наведуваат од компанијата.
Со Вип-бизнис, во зависност од избраниот модел, за 799 денари месечна претплата корисниците добиваат неограничени минути разговори кон сите мрежи, неограничени СМС кон сите мрежи, 5 мобилен GB-интернет и промотивни 100 GB-интернет за опуштено сурфање до крајот на годината. Дополнителните 100 GB-интернет се активираат откако ќе биде потрошен месечниот интернет-сообраќај вклучен во тарифниот модел.
Со Вип нео L покрај неограничени разговори и СМС кон сите национални мрежи корисниците добиваат и 50 минути за разговори кон меѓународни мрежи како и 10 GB-интернет секој месец заедно со нов телефон.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

