Контакт

Македонија

Без струја делови на Сарај, Аеродром, Карпош, Петровец…

Објавено пред

Од „ЕВН Македонија“ АД има известување дека денеска без електрична енергија ќе останат: во периодот од 8 до 13 часот корисниците од селото Љубанци, летувалиштеТО „Љубанци“, мелницата „Љубанци“, ХПП Љубанци“, дел од корисниците од селото Мирковци, како и корисниците од викенд-населба Побожје и селата Побожје, Кучевиште, Бродец, Танушевци и Брест (општина Чучер Сандево).

dobivaj vesti na viber

Во периодот од 8.30 до 15 часот без струја ќе бидат корисниците од селата Глумово, Шишево, Долна и Горна Матка, како и стопанските објекти „Адријус“ ДООЕЛ, „Виа комерц“ и „Бис оил“ (општина Сарај), во периодот од 9 до 10 часот дел од корисниците од улицата 23 Октомври (општина Аеродром), од 9 до 15 часот струја ќе немаат корисниците од улицата Волгоградска бр. 7, 8 и 12 (општина Карпош), во периодот од 9.10 до 12 часот корисниците од селото Коњари, а краткотраен прекин од 30 минути ќе имаат корисниците од селата Дивље, Сушица, Чифлик и Живиње, општина Петровец.

Македонија

Мицкоски: Укинувањето на акредитацијата за студии за медицински науки на Универзитетот во Струга е поради тоа што е спротивно на законите и не ги исполнува критериумите и условите

Објавено пред

Тоа е укинување на претходно издаденото решение, бидејќи е спротивно на законите и не ги исполнува критериумите и условите, вели премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање дали се стега обрачот околу ДУИ, бидејќи владата донесе одлука за поништување на акредитација за студии за медицински науки на Универзитетот во Струга, како и укинување економските директори на Клиниките.

dobivaj vesti na viber

Мицкоски истакна дека истата комисија која претходно издала согласност, истата таа комисија ја поништила издадената согласност.

„Ако длабоко навлезете во таа постапка, ќе видите дека практично комисијата која што претходно издала согласност, истата таа комисија ја поништува издадената согласност. Така што на Министерството не му преостануваше ништо друго освен да постапи по тие насоки. И затоа претходната согласност за организирање на таков тип на студии на Универзитетот претпоставувам зборувате во Струга е практично поништена таа согласност, и сега таму тие немаат право да организираат таков тип на високо образовна настава“, изјави премиерот Мицкоски.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски – Клаин: изразено задоволство што политиката на проширување на Унијата со земјите од Западен Балкан ќе биде меѓу приоритетните цели

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски оствари средба со амбасадорот на Унгарија, Андраш Клаин.

dobivaj vesti na viber

Муцунски упати честитки за преземањето на претседавањето со Советот на ЕУ од страна на Унгарија, изразувајќи задоволство што политиката на проширување на Унијата со земјите од Западен Балкан ќе биде меѓу приоритетните цели. Беше изразено заемно очекување за напредок на земјава на евроинтегративниот пат за време на унгарското претседавање, како и заложба за соработка меѓу двете земји во таа насока.

На средбата, министерот Муцунски истакна дека во годината кога со Унгарија одбележуваме значаен јубилеј – 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи ќе продолжат заложбите за зајакнување на соработката и партнерството.

Двете страни, се осврнаа и на соработката во рамки на НАТО, нагласувајќи го заемниот придонес за зачувувањето на целокупната трансатлантска стабилност. Соговорниците разменија мислења и за регионалните случувања, како и за актуелните надворешно – политички теми.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мицкоски за изборот на Филипче: Не се мешаме во внатрепартиските работи на СДСМ

Објавено пред

Премиерот на Владата и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање како го коментира изборот на Венко Филипче за претседател на СДСМ, рече дека нема да се меша во внатрепартиските работи на СДСМ, бидејќи тоа е работа на органите и членството на партијата.

dobivaj vesti na viber

„Па видете тоа е работа на СДСМ на членството на СДСМ. Ние рековме дека нема да се мешаме, не сакаме тоа да им го правиме на другите, што не сакаме нам другите да ни го прават. На Филипче му посакувам успешна работа, да бидат конструктивна опозиција, да работата во интерес на граѓаните и татковината“, рече Мицкоски и додаде:

„Јас и во моето експозе во Парламентот кажав дека секогаш станува збор за интересите на Македонија и македонските граѓани, подавам рака а така ќе биде и во иднина. Членството на СДСМ одлучило така, нас не ни преостанува ништо друго освен таа одлука да ја почитуваме, бидејќи немаме право и не сакаме да се мешаме во внатрешните работи на другите политички партии“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија33 минути

Да се додаде уште еден предлог кон Договорот со Бугарија оти францускиот беше репреговарање, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски не гледа причина кон Договорот за добрососедство со Бугарија да не се додаде уште еден предлог. Мицкоски...

Македонија34 минути

Таравари за Ахмети: Му посакувам убаво и мирно опозиционерство, се надевам дека ќе расчисти некои кадри, кои му се веќе кородирани

Министерот за здравство Арбен Таравари одговори на вчерашните обвинувања од лидерот на ДУИ, Али Ахмети, дека „Влен“станала слуга на ВМРО-ДПМНЕ...

Македонија1 час

На Табановце и Богородица се чека најмалку 45 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини...

Македонија2 часа

Распишан тендер за компресорите, Таравари се надева дека до крајот на годината ќе се реши проблемот со хируршките сали

Почнува да се решава проблемот со хируршките сали, објавен е тендер за компресорите, истакна министерот за здравство, Арбен Таравари. „Се...

Топ2 часа

Пукање во Батинци, убиен 34-годишник

Едно лице е убиено во пукањето што се случи денеска во скопското село Батинци. Во Ургентниот центар е пренесено друго...

Македонија3 часа

Филипче: Силно ќе се спротивставам на оние што сакаат да го ослабат СДСМ и да го видат на колена

Новоизбраниот претседател на СДСМ, Венко Филипче, во обраќањето до сопартијците се заблагодари за дадената поддршка. „Во СДСМ победи професионализмот, емпатијата,...

Економија4 часа

Елена Петрова ја презеде функцијата директор на УЈП

Денеска Елена Петрова формално ја презеде функцијата Директор на УЈП, од Замeник на директорот, Мевљудин Синани. Елена Петрова е професионалец...

Македонија5 часа

Метежот на Табановце е поради зголемениот безбедносен ризик од тероризам во Србија

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека зголемениот временски период на чекање на ГП Табановце, за влез и излез...

Регион5 часа

(Видео) Пожари беснеат кај Атина, изгорени куќи, луѓето бегаат

Пожарникарите се борат со серијата шумски пожари во близина на Атина, а властите стравуваат од многу тешко лето во Грција....

Спорт6 часа

Известувачите од Вимблдон за „Макфакс“ прогнозираат: Синер фаворит, Ѓоковиќ во сенка, кај жените сè е отворено

Од специјалниот известувач од Вимблдон Како и минатите години, така и оваа, известувачот на Макфакс и Топ спорт од Вимблдон,...

Македонија7 часа

Метеж на Табановце и Богородица, се чека најмалку половина час

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од...

Македонија16 часа

Венко Филипче е избран за нов лидер на СДСМ

Венко Филипче, поранешен министер за здравство во владата на Зоран Заев, го презеде раководството и стана нов претседател на СДСМ....

Македонија16 часа

Аврамовска-Мадиќ: 54 отсто од регистрираните членови гласале за претседател на СДСМ

Од вкупно запишаните во избирачкиот список за избор на претседател на СДСМ до 19:45 часот, излегле 12.608 или 54 проценти...

Македонија17 часа

Деспотовски искажа забелешки за одвивањето на изборите за претседател на СДСМ

Кандидатот за претседател на СДСМ Јован Деспотовски по затворањето на избирачките места на вонредните внатрепартиски избори упати благодарност до партиските...

Македонија20 часа

Уште еден хеликоптер на МВР се вклучи во борбата со големиот пожар кај Сушево и Злеово

Поради сериозноста и ризикот од пожарот кај с.Сушево и с. Злеово на гаснењето се приклучи и втор хеликоптер на МВР,...

Македонија22 часа

Аврамовска-Мадиќ за изборот на претседател на СДСМ: До 14 часот, излезени се 6.706 избирачи или 28,61 отсто 

СДСМ денеска на вонредни внатрепартиски избори избира нов лидер на партијата. Претседателката на Централната изборна комисија за избор на претседател...

Македонија23 часа

Голем пожар кај Василево, се шири кон селата Сушево и Злеово

Пожарот на отворено кој вчера попладне започна на територијата на општина Василево се уште е активен, се разгорува и се...

Македонија1 ден

Филипче: Мирно и со позитивен дух се одвива процесот на гласање на внатрепартиските избори за претседател на СДСМ

Целокупниот процес на гласање на внатрепартиските избори за претседател на СДСМ според информациите насекаде низ државата се одвива мирно, има...

Македонија1 ден

Вучиќ најави уште апсења во Србија по вчерашниот терористички напад

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека ќе има уште апсења во Србија, дека сега се проверува поврзаноста на сите...

Македонија1 ден

Левица: Животната состојба во затворите е повеќе од загрижувачка и нехумана

Во затворот Идризово се случила масовна тепачка меѓу затворениците, а повеќе лица се здобиле со тешки телесни повреди, додека едно...