Македонија
ДОМ бара 12 месеци платено родителско отсуство, од кои 3 месеци за татковците
Пратеничката од ДОМ Маја Морачанин ја поддржа иницијатива на Хелсиншкиот комитет за измени на Законот за работни односи во насока на подобрување на позицијата на жената работничка и постигнување родова рамноправност.
На јавната расправа во Собранието таа го искажа својот став за потребата од промена на начинот на користење на родителското отсуство во насока на вклучување и на другиот родител, односно таткото.
„Сметам дека добар модел е платено родителско отсуство во траење од 12 месеци, од кои првите 3 месеци породилно отсуство да ги користи мајката, а од останатите 9 месеци, 3 месеци без право на пренесување, да ги користи родителот кој не го користи поголемиот дел од родителското отсуство, што најчесто е таткото. Во спротивно, би го изгубил правото на платено родителско отсуство за тие 3 месеци“, рече Морачанин.
Според неа, ова ќе овозможи реализирање на правото и обврската на таткото во процесот на грижа и воспитување на детето и ќе влијае на намалување на дискриминацијата при вработување на жените.
„Искуствата говорат дека при избор на работник, работодавачите преферираат да вработат маж, а не жена токму поради потенцијалната бременост, користење породилно отсуство и боледување за нега на болно дете од страна на жените. Со овој модел работодавачите ќе имаат предвид дека и работниците мажи ќе користат родителско отсуство од работа”, порача Морачанин.
Истакна дека се потребни законски измени со кои ќе се оневозможи престанок на договорот за вработување на определено време за работничките кои се бремени. Исто така, таа изрази поддршка за допрецизирање на законската регулатива со цел задолжителна исплата на регрес за годишен одмор на работничките кои во текот на календарската година користеле отсуство за бременост, раѓање и родителство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Бугарски државјанин протеран од земјава, кај него се пронајдени боксирач и транспарент со навредлива содржина
Полицијата уапси бугарски државјанин на Граничен премин Деве Баир, кај него се пронајдени боксирач и транспарент со навредлива содржина.
Според информациите на МВР, вчера во 13:30 часот на Граничен премин Деве Баир, на влез во државата, полициски службеници го приведоа Н.И.Л.(47) од Република Бугарија затоа што при гранични проверки и извршен преглед во содејство со царински службеници на патничко возило „хонда џез“ со бугарски национални ознаки, со кое допатувал, биле пронајдени и одземени метален боксирач и транспарент со навредлива содржина.
Од Основен суд Крива Паланка му била изречена парична глоба и санкција „протерување на странец од земјата“ во траење од една година.
На 13.01.2026 во 02:10 часот Н.И.Л. е спроведен во Граничниот премин Деве Баир и е предаден на бугарските погранични полициски служби.
Македонија
МНР апелира македонските државјани да го напуштат Иран во прва можна прилика
Министерството за надворешни работи апелира сите македонски државјани што се наоѓаат во Иран да ја напуштат земјата поради влошената состојба.
„Поради влошената безбедносна состојба во Исламска Република Иран, Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија апелира до македонските граѓани кои се наоѓаат на територијата на оваа држава, истата да ја напуштат во прва можна и безбедна прилика. Истовремено, се апелира да се одложат сите патувања кон Иран кои не се неопходни“, велат од МНР.
Министерството за надворешни работи ги има ставено на располагање сите свои капацитети за асистенција на државјаните на Република Северна Македонија, преку 24-часовниот СОС дежурен телефон +389 75 268 736, електронската адреса [email protected], како и преку дежурниот телефонски број на Дипломатско-конзуларното претставништво на Република Северна Македонија во Анкара: +90 539 456 97 10.
фото/епа
Македонија
Обвинителството бара притвор за лицето што ја искрши влезната врата на бугарската Амбасада
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 55-годишник осомничен за кривично дело – Оштетување туѓи предмети од член 243 став 2 од Кривичен законик.
Јавниот обвинител предложи судијата на претходна постапка да определи мерка притвор спрема осомничениот бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од бегство и околности го оправдуваат стравувањето дека осомничениот ќе го повтори кривичното дело.

