Свет
Анкета на Си-ен-ен: 77 отсто од Американците ги одобруваат плановите на Трамп за средба со Ким Јонг-ун
Околу три четвртини од Американците (77%) ја одобруваат одлуката на претседателот Доналд Трамп да се сретне со лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг-ун, покажува новата анкета на Си-ен-ен спроведена од ССРС. Резултатите од анкетата доаѓаат во време кога претставниците на администрацијата на Трамп добиле упатства да продолжат со плановите за самитот во Сингапур.
Одобрувањето на одлуката на Трамп да се сретне со Ким се искачи за 15 процентни поени од крајот на март, набрзо по објавувањето на одлуката за средба на двајцата водачи. Зголемувањето беше поттикнато од засилената поддршка по партиските линии, вклучувајќи го и зголемувањето на одобрувањето на оваа одлука меѓу демократите од 24 процентни поени (од 38% во март на 62% сега), порастот од 12 процентни поени меѓу независните (од 67% на 79%) и од зголемувањето од 10 процентни поени меѓу сопартијците на Трамп (од 82% на 92%).
Одобувањето на начинот на кој Трамп се справува со ситуацијата со Северна Кореја се зголеми за 10 процентни поени од крајот на март. Вкупно 53 отсто од Американците го одобруваат начинот на кој Трамп се справува со ситуацијата со Северна Кореја, а 35 отсто не го одобруваат. Ова е првпат мнозинството Американци да го одобри неговото справување со ова прашање откако во ноември одобрувањето меѓу Американците беше на само 35 отсто.
Речиси половина од анкетираните сметаат дека Северна Кореја претставува сериозна закана за САД (47%) во споредба со 62% кои имале такво мислење во октомври. И покрај намалувањето на овој процент, Американците се посклони кон тоа да ја сметаат Северна Кореја за могу сериозна закана отколку да го кажат истото за Иран (40%), Русија (38%) или за Кина (25%).
Анкетата на Си-ен-ен беше спроведена од ССРС од 2 до 5 мај меѓу случаен национален примерок од 1.015 возрасни лица. Резултатите за целосната мостра имаат маргина на грешка од +/- 3,6 процентни поени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Земјотрес со јачина од 5,5 степени ја погоди Куба
Силен земјотрес со магнитуда од 5,5 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во близина на Куба, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.
Епицентарот на потресот бил во Карипското Море, на длабочина од 15 километри, на околу 82 километра од Гвантанамо и 45 километри од Баракоа.
Според досегашните информации, засега нема пријави за штети или повредени.
Свет
Канцеларијата на Далај Лама: Никогаш не сe сретнале со Џефри Епстин
Од канцеларијата на 14-тиот Далај Лама (Тенцин Ѓацо) денес соопштија дека духовниот водач никогаш не се сретнал со Џефри Епстин. Реакцијата следи откако кинески државни медиуми објавија дека неговото име се појавува во т.н. „Досиеја на Епстин“.
Американското министерство за правда објави милиони документи, а според прегледот на агенцијата АФП, името на Далај Лама се споменува 154 пати, но не постојат никакви докази или спомнување на лична средба со Епштајн.
CGTN, кинески државен медиум, објави дека во е-пошта од 2012 година се споменува присуство на Далај Лама на настан на еден од островите поврзани со Епстин, но од неговиот кабинет остро го демантираат тоа.
„Можеме недвосмислено да потврдиме дека Неговата светост никогаш не го запознал Џефри Епстин и никогаш не овластил никого да комуницира со него во негово име“, се наведува во соопштението.
Инаку, Далај Лама живее во егзил во северна Индија уште од 1959 година кога побегнал од Тибет по насилно задушеното востание од кинеските власти. Има милиони следбеници ширум светот.
Свет
Орбан: Украина е непријател додека бара ЕУ да ни ја укине руската енергија
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, ја обвини Украина дека ѝ наштетува на неговата земја во Брисел и ја нарече „непријател“
„Украинците мора да престанат постојано да бараат од Брисел да го прекине дотурот на евтина руска енергија за Унгарија“, изјави Орбан на говор во градот Самботел, западно од земјата.
„Сѐ додека Украина го прави тоа, таа е наш непријател“, додаде тој.
Парламентарните избори во Унгарија се закажани за 12 април.

