Економија
Анѓушев на презентација на хрватската компанија „Кончар“ во Македонија
Заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, присуствуваше на презентација на хрватската компанија „Кончар“, одржана во насока на интензивирање на бизнис-активностите на оваа компанија во Македонија.
Вицепремиерот посочи дека станува збор за респектабилна компанија, со годишен приход од околу 400 милиони евра и дека радува податокот што оваа фирма, која во последните десетина години не е многу присутна во Р Македонија, покажува интерес за интензивирање на своите активности во нашата земја.
„Верувам дека добрата регионална соработка е основа за економски развој. Земјите од регионот треба да ја подобрат економската соработка, која би била база за унапредување на соработката и со другите земји. Постојат низа поволности и предности, кои треба да ги искористиме и да ја зголемуваме регионалната економска соработка, се разбира преку економска и конкурентна логика “, посочи вицепремиерот
Компанијата „Кончар“ има широко поле за работа, во моментов конкурира на неколку тендерски постапки на државни и јавни претпријатија, во енергетиката и транспортот и други дејности во приватниот сектор.
„Кога станува збор за енергетика, Владата ќе финансира еден крупен енергетски проект, а ќе се реализираат и проекти за зголемување на производството од обновливи извори на енергија, преку инвестиции на приватниот сектор во фотонапонски централи, мали хидроелектрани и ветерни електрани. Воедно планирани се и зафати за обновување на електропреносниот систем, како што се изградба и рехабилитација на далекуводи и реконструкција на трансформаторски станици. Сите овие проекти се добра можност за успешни приватни компании, како што е и ‘Кончар’, да аплицираат за реализација на овие проекти, на конкуретна основа и на тој начин да го зголемат своето присуство во Република Македонија“, нагласи Анѓушев
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

