Свет
Австралиски научник му стави крај на својот живот во 104. година

Најстариот научник во Австралија, Дејвид Гудал, му ставил крај на својот живот во Швајцарија, опкружен со семејството.
Гудал, по потекло од Велика Британија, во својата 104. година одлучил да замине на патување во еден правец од западна Австралија во Швајцарија, каде што либералните закони му дозволуваат сам да одлучи за својот живот. Во последните часови од животот професорот Гудал уживал во омилената вечера – риба, начос и чизкејк, а во последните минути свирела „Ода на радоста“ од 9. симфонија на Бетовен.
Неговиот случај предизвика контроверзии во Австралија, каде што некои лекари од Перт сакале да му забранат да замине за Швајцарија.
„Моето семејство, кое живее во разни делови од Европа и Америка, се собра да ме испрати и благодарен сум што имав можност да ги видам, а веројатно немаше ако не се одлучев за евтаназија во Швајцарија“, изјави Гудал на прес-конференција еден ден пред да биде евтаназиран.
„Моите способности и вид се намалуваат, повеќе не сакам да живеам вака. До 90. година уживав во животот, но не и сега. Среќен сум што утре ќе ставам крај на ова и благодарен сум му на медицинскиот персонал“, рече тој.
На прашањето дали се двоумел за оваа одлука, тој одговори негативно. „Се надевам дека нешто позитивно ќе произлезе од мојата приказна и дека другите земји ќе усвојат полиберален поглед на потмогнатото самоубиство“, рече тој.
Гудал е еден од двестете странци што секоја година се одлучуваат за евтаназија во Швајцарија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Трамп: Не сум сигурен дека ќе влезам во рајот, но на многумина им го разубавив животот

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не е сигурен дека ќе може да влезе во рајот, но додаде дека на многумина им го направил животот подобар.
Изјавата ја даде во претседателскиот авион Air Force One. За време на летот, еден од новинарите што го придружуваа 79-годишниот претседател го праша за неговите претходни коментари кои ги дал во контекст на преговорите за мировниот договор во војната меѓу Русија и Украина.
Трамп уште во август, во емисијата „Fox and Friends“, изјави: „Ако можам да спасам 7.000 луѓе неделно, мислам дека тоа е прилично добро – сакам да се обидам да влезам во рајот, ако е можно. Слушам дека не ми оди добро. Навистина сум на дното на листата. Но ако успеам да влезам во рајот, ова ќе биде една од причините“
На прашањето дали неговите шанси се подобриле по договорот меѓу Израел и Хамас, Трамп сега одговори: „Малку се шегувам. Мислам дека ништо нема да ме одведе во рајот. Можеби не сум предодреден за тоа. Можеби сум во рајот токму сега, додека летаме со Air Force One,“ рече Трамп.
Тој повторно ја обвини администрацијата на Џо Бајден за неспособност и додаде дека војната во Украина никогаш немаше да се случи доколку изборите во 2020 година не биле наместени.
Свет
Египетскиот претседател до Израелците: Претворете го овој историски момент во нов почеток

Египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси ги повика Израелците моментот на потпишување на мировниот договор за Газа да го претворат во нов почеток за поправеден и помирен живот во регионот.
„Погледнете кон подобра иднина за нашите деца,“ рече Сиси по потпишувањето на договорот во Шарм ел-Шеик.
На самитот присуствуваа Доналд Трамп и бројни меѓународни претставници. Обраќајќи му се на Трамп, Сиси додаде: „Господине претседателе, нека војната во Газа биде последната војна на Блискиот Исток.“
Свет
(Видео) Снимката кога Хамас ги разделува и киднапира го обиколи светот – сега повторно се заедно

Авинатан Ор (32) беше киднапиран заедно со својата девојка Ноа Аргамани на музичкиот фестивал кога Хамас го нападна Израел. Ноа беше спасена во израелска воена операција во јуни 2024 година. Во март оваа година, семејството на Авинатан добило знак дека тој сè уште е жив.
Денес, Авинатан Ор е ослободен и конечно се врати кај своето семејство во воената база Реим, на југот на Израел. Израелската војска објави трогателни снимки од неговата средба со родителите, Јарон и Дица.
„Толку многу се надевав дека ќе добијам прилика да ви кажам дека ве сакам и да ве видам уште еднаш во овој живот,“ рекол Ор по ослободувањето.
Former hostage Noa Argamani reunited with her boyfriend, Avinatan Or, after his release from Gaza.
The couple were kidnapped from the Nova Festival on Oct 7th 2023.
She was freed in a rescue operation in 2024.
Avinatan was released today after 2 years in captivity. pic.twitter.com/uWQM7dS5y3
— Oli London (@OliLondonTV) October 13, 2025
Видеото што го објави израелската војска го прикажува емотивниот момент кога Ор ја прегрнува својата девојка, Ноа Аргамани.
Двајцата беа киднапирани на музичкиот фестивал „Нова“ за време на нападите на Хамас на 7 октомври 2023 година. Снимката од киднапирањето, на која се гледа како Ноа ја одвезуваат на мотор, додека Авинатан го присилуваат да оди со рацете на грб, го обиколи целиот свет.
Ноа Аргамани беше спасена во јуни 2024 година, а на почетокот на овој месец се присети на последниот момент со својот партнер.
„Авинатан ми недостига сè повеќе со секој ден,“ изјави тогаш. „Се држам до надежта, секој ден, дека оваа ноќна мора наскоро ќе заврши и дека конечно ќе го живееме животот за кој сонувавме.“