Економија
Компанијата „Окта“ веќе 40 години обезбедува значителен и континуиран придонес за домашната економија
Компанијата „Окта“, најголемиот снабдувач на горива на македонскиот пазар, годинава го одбележува својот 40-годишен јубилеј. „Окта“ е една од компаниите во земјава кои имаат значителен и континуиран придонес за домашната економија.
„Во 2017 година ‘Окта’ имаше пазарен удел од 78% од вкупните потреби на македонскиот пазар на горива. Со горивата на ‘Окта’ се снабдуваат малите компании, големите индустриски капацитети, како и јавните претпријатија, а преку малопродажната мрежа на бензински станици со брендот ‘Окта’ и граѓаните, односно крајните потрошувачи“, информираат од компанијата.
Како што истакнуваат, овој податок најдобро говори за значењето на „Окта“ за јавниот живот, односно за придонесот што го има компанијата за непречено одвивање на бројни процеси во стопанството во земјава. Дополнително, „Окта“ е снабдувач на горива и на регионалните пазари.
„Во 2017 година, вкупната продажба на горива достигна 768 илјади тони, од кои 677 илјади тони се пласирани на домашниот пазар, додека 91 илјади тони се извезени во Косово, како и на пазарите во Србија, Албанија и Црна Гора. Од голема важност е податокот за придонесот на ‘Окта’ кон буџетот на државата преку ставката даноци. Само во последната, 2017 година вкупните обврски кои Окта ги плати кон државата изнесуваат над 15 милијарди денари или 246 милиони евра“, стои во соопштението.
Од 1978 година до денес „Окта“ прерасна во синоним за сигурна и безбедна испорака на квалитетни горива на домашниот пазар и во регионот. Голема заслуга за тоа има инфраструктурата на компанијата којашто претставува столб на снабдувањето на земјата со нафтени деривати.
„Резервоарскиот парк на ‘Окта’ е со капацитет за складирање на 350 милиони литри гориво, а за следење на количините во резервоарите компанијата располага со современа и високософистицирана опрема, како и со акредитирана лабораторија за контрола на квалитетот на горивата. Преку својот беспрекорен логистички систем компанијата обезбедува брзо, ефикасно и сигурно снабдување, прилагодено на барањата на своите клиенти“, објаснуваат од компанијата.
Денес под брендот „Окта“ работат 26 бензински станици, коишто ја сочинуваат развиената и модерна продажна мрежа. Воедно, „Окта“ е првата и единствена компанија на пазарот која преку програмата Гаранција вовела контрола на квалитетот и количината на горивата директно на бензинските станици кои работат под нејзиниот бренд.
Својот статус компанијата го гради и со својата улога и ангажман во заедницата преку бројните општествено одговорни практики во различни сектори од социјалниот живот и во интерес на граѓаните.
„Окта донира, поддржува и на различни начини придонесува за подобрување на состојбите во здравството, образованието, спортот, културата, безбедноста во сообраќајот, екологијата, а во својот фокус секогаш ги има и маргинализираните групи граѓани. Како дел од својата корпоративна култура, Окта постојано вложува во професионалната надградба на своите вработени, кои претставуваат движечка сила за успехот и одржливиот развој на компанијата“, велат од компанијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

