Македонија
Стоилковски: Заев и командант Хоџа се мајтапат со државата
Срамно е образложението дека таканаречениот командант Хоџа самиот одлучил да се повлече од висока владина функција веднаш до премиерот заради тоа што ја сакал Македонија, рече денеска на прес-конференција Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
„Зоран Заев лаже. Хоџа јасно вели дека не го интересира дали Македонија ќе постои или нема да постои. Јасно е дека Хоџа не го интересира дали Македонија оди напред или назад и дали државата функционира или не. Хоџа можеби сака некаква Македонија, но не унитарна и мултиетничка каква што е сега“, истакна Стоилковски.
Стоилковски посочи дека Заев пред да го именува таканаречениот командант Хоџа за свој премиерски советник ги знаел овие негови ставови.
„Затоа Зоран Заев лаже. Тој се сретнал со него и разговарале за позициите на Џезаир Шаќири, кој се наоѓа и на американската црната листа. И покрај сè, Заев одлучил дека тој е најкомпетентен да му биде советник за безбедност и борба против радикализам. Ваквото однесување на Зоран Заев е срамно. Ваквото мајтапење со граѓаните, државата и нејзините институции е недозволиво“, порача портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој додаде дека Заев и сите оние кои што ги вршеле безбедносните проверки за командантот Хоџа и препорачале тој да биде висок функционер мора да сносат одговорност.
„Пред само неколку дена дури и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, го бранеше именувањето на Хоџа и не гледаше ништо спорно и контроверзно во фактот дека радикал од црната листа, чие име се поврзува и со убиство на полицаец, треба да го советува и премиерот и за полицијата“, посочи Стоилковски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Партијата Левица со Иницијатива во Град Скопје за чекор кон енергетска независност и крај на скапата струја
„Советничката група на Левица во Советот на Град Скопје поднесе иницијатива за формирање на градско енергетско претпријатие „Енергија Скопје“ ДООЕЛ, чија цел е Градот Скопје конечно да ја намали зависноста од скапото купување електрична енергија и да обезбеди сопствено производство од обновливи извори“, известуваат од Левица.
„Градот Скопје и јавните претпријатија во моментов плаќаат огромни износи за струја.
Наместо средствата да се трошат на комунални услуги, инфраструктура и подобар јавен превоз, тие завршуваат во надворешни снабдувачи.
Со ова решение, Градот ќе може сам да произведува дел од потребната електрична енергија, да ги снабдува своите институции по минимални цени и да продава вишок на пазарот, со што ќе обезбеди нови приходи.
Ова е стратешки проект кој обезбедува долгорочна стабилност и независност, а не краткорочна мерка.
Градот има огромен неискористен потенцијал, кровови, објекти и локации каде може да се развијат фотоволтаични централи и системи за складирање енергија.
Затоа очекуваме мнозинството во Советот, предводено од ВМРО–ДПМНЕ, да ја поддржи иницијативата ако навистина им е приоритет јавниот интерес. Ова не е партиска идеја, ова е решение кое му користи на целиот град.
Одбивањето на оваа иницијатива би значело дека некој става политички интерес пред интересот на скопјани, и дека не се сака долгорочно решение за намалување на трошоците, модернизација и енергетска независност.
Левица ќе продолжи да предлага системски и развојни проекти со кои Градот ќе стане финансиски постабилен, енергетски ефикасен и поеколошки“, се наведува во соопштението на Левица.
Македонија
Без струја денеска дел од Карпош
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09:00 до 15:00 часот, дел од корисниците на ул. Струшка бр.7А (општина Карпош)
Македонија
До сабота ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд пообилни во источните делови. На повисоките планини врнежите ќе преминуваат во снег, а на некои од повисоките места од дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 6 до 11 степени.
Во Скопје, претежно облачно, со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.
Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
До сабота ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат денес (над 25 l/m² за 24 часа). Денеска на планините врнежите ќе преминуваат во снег, а во некои од повисоките места ќе бидат од дожд и снег. Од денеска ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер.

