Забава
Спиритуални тајни и исцелителна моќ на мачките

Многумина мислат дека мачките не прават ништо и дека се мрзливи, само јадат и спијат. Но не е така. Знаевте ли дека мачките имаат посебна работа која ја одработуваат во вашиот живот? Дали некогаш сте се запрашале зошто толку многу луѓе денес имаат мачки, повеќе од кучиња?
Сите мачки можат да ја отстранат акумулираната негативна енергија од вашето тело. Додека спиете, тие ја апсорбираат од вашето тело. Ако во семејството постои повеќе од еден човек, а само една мачка, таа може да се презасити со негативност од упивањето на енергијата од толку луѓе.
Кога спие, телото на мачката ослободува негативност која ја упила од вас. Ако сте под стрес, можеби немала доволно време да се ослободи од оваа негативна енергија, па ја подхранува како маст. Поради тоа, таа ќе почне да пати од прекумерна тежина, а вие ќе мислите дека тоа е зашто премногу јадела.
Добро е да имате повеќе од една мачка во домот, така што ќе можат да ги поделат обврските. Тие исто така ноќе ве чуваат, така што никакви несакани духови неможат да влезат во собата додека спиете. Затоа сакаат да спијат на вашиот кревет. Ако мислат дека сте добро тие нема да спијат со вас. Ако се случува нешто чудно, ќе скокне кај вас на креветот.
Ако во домот ви дојде некој и мачката мисли дека сте во опасност поради тоа, таа ќе биде цело време со вас за да ве заштити.
Ако немате мачка и се појави некоја улична, тоа е затоа што ви е потребна во тоа време. Таа се појавила за да ви помогне.
Понекогаш постои некаков кармички долг кој мора да ви го врати. Немојте брзо да ја отфрлите. Таа ќе мора да си ја изврши својата обврска. Мачките ве исцелуваат.
Во дамнешни времиња, исцелителите користеле кристали во својата работа. Но кога посетувале некои оддалечени села, неможеле да ги користат своите кристали бидејќи луѓето биле сомничави кон нив и мислеле дека користат црна магија. Па затоа, исцелителите ги носеле нивните мачки зашто тие ги вршеле истите функции како и кристалите. Луѓето не се плашеле од мачките и дозволувале да им влезат во нивните домови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Наука
230 милиони луѓе живеат во опасност од топењето на ледените покривки

Ново истражување покажува дека светските ледени покривки на Гренланд и Антарктикот се топат и се поместуваат. Ова може да предизвика пораст на нивото на морето и големи миграции од крајбрежните области.
Научниците сакале да дознаат која е „безбедната граница“ на глобалното затоплување за опстанокот на ледените покривки. Тие ги користеле податоците од сателити, климатски модели и други извори, дури и ДНК од октоподи.
Резултатите се загрижувачки. Дури и ако светот успее да го ограничи затоплувањето на 1,5 степени Целзиусови, ледениот покрив може да продолжи да се топи брзо. Тоа ќе доведе до зголемување на нивото на морето, што ќе има сериозни последици.
Ледените покривки на Гренланд и Антарктикот имаат доволно мраз што може да го подигне нивото на морето за околу 65 метри. Топењето на мразот е главната причина за порастот на морската вода. За последните 30 години, порастот на морето се забрзал двојно.
Околу 230 милиони луѓе живеат на помалку од еден метар надморска височина. Зголемувањето на морето ќе ги натера многу да се иселат од крајбрежните области.
Научниците велат дека е тешко точно да се предвиди кога ќе дојде до голем колапс на ледените покривки. Но, знаат дека опасноста постои и дека „безбедните“ температурни прагови сè повеќе се намалуваат.
Првично се мислеше дека покривките ќе се дестабилизираат при зголемување од околу 3 степени, но сега истражувачите сметаат дека не е доволно е ни 1,5 степен.
За да се спречи брз колапс, светот треба да го ограничи затоплувањето на најмногу еден степен над прединдустриското ниво. За тоа е потребно драстично намалување на согорувањето на фосилни горива. Сепак, тоа изгледа тешко, бидејќи многу земји, вклучително и САД, сè уште користат нафта, јаглен и гас.
Забава
(Видео) Чанта „Јастог“ – модно парче или луксузен фетиш за мажи?

Модно парче или луксузен фетиш за мажи? И чини повеќе од 15.000 евра
Чантата „Јастог“ (чанта во облик на јастог) од Луј Витон, која дебитираше во јануари, повторно ги преплави социјалните мрежи и модните портали.
Иако не е нова чанта, интернетот повторно полуде по ова бизарно парче, кое всушност е комбинација од статусен симбол и моден хумор.
Чантата е дизајнирана од Фарел Вилијамс во соработка со легендарниот јапонски дизајнер на улична облека Ниго, а беше претставена на машката ревија на Луј Витон за есен 2025 година.
Louis Vuitton FW25 Lobster bag by Nigo 🦞 pic.twitter.com/YdfT8U49uc
— Ovrnundr (@Ovrnundr) January 24, 2025
Чантата е, како што пишуваат странските медиуми, најголемата ѕвезда на колекцијата, иако е само дел од поширок „змиски момент“ што се протегаше низ целата линија – од приврзоците во облик на клешти до декорациите на популарните чанти „Keepall“.
Овој моден хит чини огромни 18.000 долари, но за најлојалните обожаватели на Луј Витон (и колекциите на Фарел), ова очигледно не е пречка.
Интересно е што јастогот како мотив не е ништо ново во модата – уште во 1937 година, Елса Скјапарели соработувала со Салвадор Дали на иконски фустан со принт од јастог, а темата за луксузни ракообразни животни повремено се враќа на модните писти преку работата на дизајнери како што се Џон Галијано, Том Браун и Филип Трејси (кои исто така создадоа декорација во форма на јастог за Лејди Гага во 2010 година).
Откако Фарел Вилијамс го презеде кормилото на машката мода на Луј Витон во 2023 година, тој воведе голем број интересни шари во чантите на брендот – како легендарната Millionaire Speedy со дијаманти или чантата со шари од вафли, која, иако никогаш не влезе во производство, предизвика многу реакции.
Судејќи според социјалните медиуми и модните портали, чантата со јастог повторно стана „ИТ“ парче ова лето. Одговорот на прашањето „зошто сега?“ може да лежи во комбинацијата од славата на Фарел, уличната естетика на Ниго и – секако – вечната моќ на Луј Витон да ги претвори обичните (или не толку обични) животни во луксузни фетиши.
Забава
Кисела Вода организираше бесплатна заедничка полуматурска забава

Синоќа во спортската сала на ООУ „Невена Георгиева Дуња“ се одржа првата бесплатна, заедничка полуматурска прослава за сите ученици од деветто одделение во Општина Кисела Вода. Настанот беше дел од проектот „Мисија Полуматура“, по иницијатива и организација на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и општината, што претставува нов пристап во одбележувањето на еден од најзначајните моменти за секој деветоодделенец.
На забавата настапуваа DJ Napster, дуото Два Бона и бендот Хепи Енд. На сцената настапија и самите полуматуранти, кои добија простор да го покажат својот талент.
Пред салата беше поставена и фото кабина и “дрво за пораки”, каде беа овековечени стотици насмевки и среќни спомени кои ќе ги следат полуматурантите во нивниот понатамошен живот.
„Јас, и како градоначалник и како човек, верувам дека секое дете, без разлика од која средина доаѓа, заслужува еднаква можност за радост, за убави спомени, за достоинствено одбележување на важните животни моменти. И токму затоа, вечерва – сите деветтоодделенци се еднакви. Без разлики, без поделеност. Оваа иницијатива не произлезе од некаков формален план или стратегија – произлезе од срце. Од вистинска потреба да покажеме дека можеме поинаку. Дека можеме да изградиме општина која навистина ги слуша младите – но уште поважно – општина која реагира и реализира. Ни беше важно не само да организираме прослава, туку да создадеме простор во кој вие, младите, ќе бидете активни креатори. И вие тоа го направивте“, рече градоначалникот Орце Ѓорѓиевски во своето кусо обраќање пред полуматурантите.