Македонија
Семејството Заеви преку државни ресурси од ден во ден го зголемуваат своето богатство, велат од ВМРО-ДПМНЕ
Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ соопштија дека Зоран Заев потврдил дека преку Владата доделил концесија на фирмата „Тотал инжинеринг” која е во сопственост на неговиот брат Вице Заев.
„Семејството Заеви преку државни ресурси од ден во ден го зголемуваат своето богатство.Јавноста е сведок дека фирмата „Тотал Инжинеринг“ пред само две недели, или поточно на 24 април добива концесија за експлотација на минерални суровини на локација во село Дукатино, општина Василево. Оваа концесија ја добива од Владата на предводена од Зоран Заев. Уште поскандалозно е што самиот Заев јавно кажа дека фирмата „Тотал инжинеринг“ ја продала целата механизација. Јавноста ја интересира како планираат Заеви да вршат ископ во наредните 30 години без механизација? Заев е фатен повторно во лага. Исто како што беа фатени струмичките камиони на Вице во РЕК Битола или давањето земјиште во кругот на струмичката касарна преку посредник. Овие низа скандали покажуваат каков е односот на Зоран Заев кон државата“ се наведува во соопштението.
Власта за Зоран Заев и неговото семејство, како што велат од ВМРО-ДПМНЕ, претставува само алатка за ширење на нивните бизниси.Република Македонија не е лична сопственост на семејството Заеви.Зоран Заев мора што поскоро да си замине. Граѓаните заслужуваат подобро, се додава во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Обвинителството отвори постапка за оштетување на влезната врата на бугарската Амбасада
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 55-годишник осомничен за кривично дело – Оштетување туѓи предмети од член 243 став 2 од Кривичен законик.
Јавниот обвинител предложи судијата на претходна постапка да определи мерка притвор спрема осомничениот бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од бегство и околности го оправдуваат стравувањето дека осомничениот ќе го повтори кривичното дело.
Македонија
Десет нови детски игралишта ќе се градат низ општина Кисела Вода
Денес започна изградбата на првото од вкупно 10 нови детски катчиња кои ќе се реализираат низ целата општина.
Првото катче се гради во кругот на ООУ „Св. Климент Охридски“, во селото Драчево. На гумирана подлога која го намалува ризикот од повреди и овозможува сигурна игра, ќе бидат поставени разновидни реквизити: лулашки, лавиринт со два тобогани и мрежа за качување.
Просторот ќе биде осветлен, овозможувајќи безбедна активност и во вечерните часови.
„Со изградбата на десет нови детски катчиња вложуваме во иднината на нашите најмлади, обезбедувајќи им безбеден и современ простор за игра. Заедничката игра е основа за развој на социјални, како и за моторички вештини, а за нас како раководство на Општина Кисела Вода е приоритет секое дете да има место каде може слободно и безбедно да расте, да се развива, но и да се забавува и да создава убави детски спомени“, изјави градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска.
Македонија
Беким Сали на средба со амбасадорот на Косово, Флориан Ќехаја
Во Владата на Република Северна Македонија, првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, денеска оствари средба со амбасадорот на Косово, Флориан Ќехаја.
„На средбата се разговараше за билатералната соработка меѓу двете земји, заедничките проекти што ги поврзуваат нашите институции, како и за процесите на европска интеграција и унапредувањето на европската агенда во регионот. Двете страни ја истакнаа важноста од понатамошно продлабочување на регионалната соработка и размената на искуства во насока на стабилност, развој и европска интеграција“, соопштија од кабинетот на Сали.

