Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Покачувањето на акцизата е неоправдано
Покачувањето на акцизата е целосно неоправдано, непромислено и неосновано. ВМРО-ДПМНЕ бара овој нов вид данок за сиромашните веднаш да биде укинат. Граѓаните не се должни да ги крпат буџетските дупки предизвикани од расипништвото на картелот на власт, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата, покачувањето на акцизата на дизелот ја предизвикала спиралата на покачувања. „Зголемени се трошоците за живот и цените на мало, тоа е директна последица на покачувањето на дизелот. Економското цунами ја урниса економијата. Дизел-горивата, кои беа 46 денари, сега се 63. Секој поминат ден состојбата е сè полоша“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Еден резервоар, додаваат оттаму, на семеен автомобил, кој пред неколку месеци се полнел со 1.500 денари, сега се полни со 2.400 денари.
„Вкупниот трошок за домаќинствата и за стопанството предизвикан од покачената акциза достигнува милиони. Граѓаните, превозниците, земјоделците, пекарите, индустријата и сите други плаќаат приближно 50 милиони евра повеќе поради овој непромислен потег на картелот. Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ апелира до власта да се прифати предлогот на ВМРО-ДПМНЕ и да се укине покачувањето, кое е на огромна штета како на граѓаните така и на државата во целост“, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Делови од Центар и Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска имаат планирани два зафати во водоводната мрежа и тоа:
· поради уличен дефект на ул.Адам Мицкиевиќ бб (пред ОУ „Киро Глигоров“), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Адам Мицкиевиќ-вклучително и основното училиште, дел од Козара и дел од Васил Ѓорѓов, општина Центар. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
· поради уличен дефект ф-225м на ул.Отокар Кершовани бб , прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Отокар Кершовани,вклучително Амбуланта „Бит Пазар“, Петре Георгиев и Чаирска, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Променливо облачно со умерен до засилен ветер од југоисточен правец
Променливо облачно со умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Попладне и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во југоисточните делови. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег.
Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 7, а максималната ќе достигне од 7 до 11 степени.
Во Скопје, променливо облачно со умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Кон крајот на денот, а особено во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 10 степени.
Времето во наредните денови
Од денеска следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен, а во текот на денешниот ден засилен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе бидат во пораст.

