Црна хроника
Неготинец зел пари од кавадарчанец со лажно ветување дека ќе му најде работа во странство

Педесет и четиригодишник од Кавадарци во текот на вчерашниот ден во полиција пријавил дека бил измамен од лице од Неготино.
Како што информираат од МВР, пријавителот по даден оглас за вработување на интернет стапил во контакт со измамникот, кој се преставил дека е менаџер во агенција што посредува за вработување во странство, го довел во заблуда кавадарчанецот кој во неколку наврати на жиро-сметка му исплатил 18.530 денари.
При уплаќање на следната рата во банка во Скопје од страна на шалтерскиот работник му било сигнализирано дека лицето на чија жиро-сметка ги уплаќа парите е познат измамник. Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Уапсен скопјанец, при претрес пронајдени 71 паковка со марихуана

Вчера во 20:45 часот на улицата „Индира Ганди“ во Скопје од страна на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје извршен претрес на 43-годишниот Џ.Ш. од Скопје при што биле пронајдени 71 полиетиленска паковка со марихуана.
Лицето е лишено од слобода по член 215 од Кривичниот законик на Р.С.Македонија и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.