Македонија
Богдановиќ на Балкански младински форум: Работиме на подобрување на состојбата на младите
Денеска почна Балканскиот младински форум под мотото „Активно младинско учество: поттик преку креативни и иновативни решенија“. На настанот присуствуваа над 70 претставници од граѓански организации, локални самоуправи и младински работници од регионот на Западен Балкан.
Форумот го отворија Кристијан Тимоние, амбасадор на Франција, Саша Богдановиќ, градоначалник на општина Центар, Луфти Хазири, градоначалник на општина Гнилане и член на Управниот одбор на АЛДА, Антоанета Иванова, претставник на Фондот за Западен Балкан, и Елиска Гертнерова, претставник на ЕУ-делегацијата.
„Општина Центар три години учествува во проектот Балкански младински форум.Работиме на подобрување на состојбата на младите и ние ја отворивме првата Канцеларија за млади. Нашата грижа ја покажува и формирањето Совет за млади на општина Центар, а преку буџетот ги подржуваме младински иницијативи. Општината има изготвено и работи на реализација на Стратегијата за млади 2015-2020 и Акциски план. Со Алда партнерски учествуваме во неколку проекти. Добивме европски грант за проектот ReCov преку програма ‘Европа за граѓаните’, кој е во фаза на имплементација. Сакам и тука да нагласам дека секогаш остануваме отворени за младите, за нивните иницијативи, а во иднина општина Центар ќе се заложи младите да бидат што позначаен сегмент во работата на општината и ќе бидат вклучени во процесите на креирање на проектите и донесување на одлуките“, рече градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ, потенцирајќи дека ќе продолжи да поддржува вакви регионални и меѓународни платформи и проекти за развој на младинските капацитети.
Балканскиот младински форум се одржува четврта година по ред.Проектот е имплементиран од Европската асоцијација за локална демократија (АЛДА) Скопје, заедно со седум Агенции за локална демократија од Балканот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

