Македонија
(Видео) Заев на Самитот на ПЕС: Поддршката од ПЕС е од исклучително значење
Претседателот на Владата на Република Македонија и претседател на СДСМ, Зоран Заев, денеска учествуваше во работата на состанокот на лидери на партии и шефови на влади на Партијата на европските социјалисти (ПЕС), што се одржа во Софија, Р Бугарија.
На Самитот на ПЕС, на кој учествуваа и премиерот на Грција и претседател на Сириза, Алексис Ципрас, премиерот на Португалија и претседател на Социјалистичката партија на оваа земја Антонио Коста, Удо Булман, пратеникот во Европскиот парламент од редовите на Социјалдемократската партија на СР Германија, Џозеф Мускат, претседател на Лабуристичката партија и премиер на Малта, и Корнелија Нинова, претседател на Социјалистичката партија, претседателот на ПЕС и поранешен премиер Сергеј Станишев, посебно го поздрави присуството на премиерите на Република Македонија и на Република Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас.

Премиерот Заев, кој беше поканет прв да зборува на Самитот на ПЕС, изрази благодарност за поддршката што доаѓа од лево ориентираните партии членки на ПЕС за Република Македонија, особено во делот на ЕУ и НАТО-интеграциите.
На состанокот едногласно беше потврдено дека Република Македонија има силна поддршка од сите партии членки на ПЕС. Тие ветија внимание и ангажман за да се унапредат перспективите на Република Македонија.
Партиите членки на ПЕС кои имаат свои претставници во највисоките институции на ЕУ ќе му предложат на Европскиот совет на ЕУ во јуни да определи датум за старт на преговори со Република Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Во Карпош и Центар најголема излезност до 13 часот, а најмала во Сарај и Чаир, соопшти ДИК
За излезноста на гласачите за Град Скопје до 13 часот процентот на избирачи кои гласале на избирачките места од пристигнатите податоци до ДИК е 15,28%, односно на овие избирачки места гласале 71.849 гласачи, соопшти ДИК.
„Вкупниот борј на избирачи запишани во избирачкиот список изнесува 474.304 гласачи а податоците што се пристигнати до ДИК се од 678 избирачки места, што во проценти значи 98,98% пристигнати до ДИК“.
Најголема излезност за градоначалник на Град Скопје според ДИК се забележува во општините: Карпош со 22,14%, Општина Центар 21,58% и Кисела Вода со 19,57%. Најмала излезеност до 13 часот има во Сарај со 3,58% и Чаир со 5,34%.
Споредено со одзивот на гласачи во првиот круг и пресекот направен тогаш во 13 часот, излезноста била 20,07%, соопшти ДИК.
Одзивот на гласачите по другите општини до 13 часот процентот на избирачи бил 19,96% а бројот на избирачки места од каде пристигнале податоци до ДИК е 1279 или 93,15%. Споредено со првиот круг излезеноста во 13 часот била 20,12%.
Македонија
МВР: Гласањето од вториот круг на локалните избори се одвива мирно
Локалните избори 2025 се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера на територијата на целата држава, соопшти МВР.
Од таму велат дека преземаат мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес.
„До сега не се регистрирани посериозни нарушувања на јавниот ред и мир.
Регистрирани се неколку пријави за агитирање при гласање на повеќе места, но по преземени мерки до овој момент не се потврдени наводите од пријавите.
МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“.
Македонија
До 11 часот гласале 10,1 отсто од избирачите, најмногу во Пробиштип, намалку во Сарај
Одѕивот до 11 часот на вториот круг од локалните избори изнесува 10,1 проценти.
Според информациите на Државната изборна комисија, највисока е излезноста во Пробиштип каде гласале 22 проценти од избирачите, а висока излезност има и во Лозово и Крушево, со околу 20 и 19 отсто. Најниска е излезноста во Сарај со 1,86 отсто и Чаир со 2 проценти.
Излезеноста на гласачите во Град Скопје до 11 часот изнесува 8,30 проценти.
Оценето е дека гласањето тече без проблеми, а единствениот застој бил забележан во Дојран, каде поради технички проблем со уред за биометриска идентификација имало краток прекин, кој бил веднаш отстранет. Во вториот круг се гласа во 32 општини и Градот Скопје, на 1.771 избирачко место, а право на глас имаат 1.013.375 граѓани.
Првичните неофицијални резултати ќе бидат објавени по 20 часот. Некаде околу 23 часот, се очекува да бидат познати сите резултати од гласањето на изборите во вториот круг.

