Контакт

Култура

„Јадро“ реагира поради најавите дека Беса ќе го добие Министерството за култура

Објавено пред

„Јадро“ – асоцијација на независната културна сцена, најостро реагира на информациите што беа споделени од дел од медиумите, а подоцна и потврдени од раководството на Беса дека како резултат на ситни партиски преговори се најавува смена во рамките на министерската позиција во Министерството за култура и доделување раководна позиција во овој ресор на кадар што припаѓа на партијата Беса.

dobivaj vesti na viber

„Ваквото однесување на Владата за нас претставува ништо помалку од јасен показател дека оваа Влада не само што не ја научила лекцијата од 11-годишното авторитарно владеење и девастација на целокупниот општествен и културен систем на вредности и институции во Македонија од страна на ВМРО-ДПМНЕ, туку и дека продолжува да ја третира културата како маргинална и неважна дејност вредна единствено за меѓупартиски преговори, коцкања и лицитирања со гласови.

Зачудени сме како оваа Влада не може да ја увиди клучната позиција што културата и уметноста ја имаат во едно општество, во производството на вредносните вертикали, интерпретативните рамки и симболичките темели на демократската заедница – нешто што претходната Влада не само што го согледа прецизно туку и го злоупотреби за континуирано разорување на целокупното општество и манипулација со етнонационалистичките вредности и афекти. Зачудени сме како оваа Влада не ја увидува сериозноста на осакатенста на сите институции на културата, понижените уметници, некомпетентните кадри што беа поставувани за оддолжување на партиската послушност и фалсификуваното културно наследство. Се прашуваме како оваа Влада мисли да ги реши овие децениски натоложени проблеми доколку културните политики и луѓето што ги водат и креираат ги тертира како повремени играчи во нивните меѓупартиски поткусурувања и поткупи?“, се вели во реакцијата.

Според „Јадро“, имајќи ги предвид основните принципи и темели на кои беше поставена новата стратегија за култура, а во чие изготвување учествуваа сите засегнати културни актери во државата, прашуваат со кое право Владата го „продава“ ова клучно министерство како да станува збор за улична бизнис-зделка.

„Изразуваме ужаснатост и загриженост над целосната нетранспарентност при носењето ваква одлука, при што шпекулациите во медиумите, неорганизираните изјави и Фејсбук-расправи беа платформата за јавна дебата и информирање. Носењето една ваква одлука, што ја сметаме за клучна за иднината на културните политики и конституирањето на општествениот систем на вредности во иднина, мора да биде транспарентна и да ги вклучи во процес на дебата со свој придонес оние што се најдиректно засегнати – културните работници и граѓанските активисти. Патем, тоа се луѓето што беа едни од предводниците на промената по која сите долго копнеевме и за која се боревме заедно на фронтовите на солидарност.

Бараме итно повлекување на оваа одлука на Владата, но, пред сè бараме трајно сериозен и одговорен однос кон Министрството за култура“, се вели во реакцијата.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Актерот Сашо Тасевски доби награда за улогата Фестер Адамс во претставата „Фамилијата Адамс“

Објавено пред

Актерот на Драмски театар Скопје, Сашо Тасевски е добитник на наградата за најдобра споредна машка улога на четвртото издание на Театарскиот фестивал „5РЕ” во Велес. Наградата ја доби за улогата на Фестер Адамс во претставата „Фамилијата Адамс“ во продукција на Драмски театар Скопје.

dobivaj vesti na viber

Наградата за најдобра споредна машка улога ја донесе жирито во состав: Александар Георгиев, Александар Ивановски и Миле Вратеовски и во образложението на наградата се истакнува неговата фантастична изведба на ликот Фестер Адамс во претставата „Фамилијата Адамс“ и се додава: „Сашо Тасевски, со неговиот хумор, енергија и актерска виртуозност, ја донесе една од најзначајните улоги во оваа претстава. Неговата игра ги плени сите сетила, одржувајќи баланс меѓу забавата и длабоките емоции што го носат со себе карактерите од оваа комедија“.

Режисерката Теа Беговска воедно е и автор на текстот и адаптацијата на претставата. Во уметничкиот тим што ја работеше „Фамилијата Адамс“ се сценографот Никола Пијанманов, костимографите Ратка Џамбазовска Коцев и Раде Василев, а музиката е на Енес Беговски. Кореографија ја направи Бојан Лазаров.

Ликовите во претставата ги играат актерите на Драмски театар Скопје: Гомез Адамс – Предраг Павловски, Мортиша Адамс – Трајанка Илиева Вељиќ, Бабата – Гордана Ендровска, Венздеј Адамс – Нина Елзесер, Фестер Адамс – Сашо Тасевски, Пагзли Адамс – Томислав Давидовски, Лукас, момчето на Венздеј – Марјан Наумов, Деби, бившата љубов на Фестер – Емилија Мицевска, таткото на Лукас – Златко Митрески и мајката на Лукас – Маја Вељковиќ Пановска.

Ликовите на ДУХОВИ во претставата „Фамилијата Адамс“ ги играат студенти на Факултетот за драмски уметности и Факултетот за театарски уметности при Интернационалниот Универзитет Еуропа Прима: Јована Миладинова, Ема Лазарова, Луна Миќевиќ, Стефан Арсиќ, Кристијан Петковски, Енис Билаловиќ, Анастасија Митровска и Мартин Мазнев. Инспициент на претставата е Гоце Бојчев, а суфлер Жаклина Цветковска.

Режисерката Теа Беговска во програмската белешка истакнува дека: „Фамилијата Адамс, овие добро препознатливи и екцентрични ликови со мрачен хумор, сместени во т.н. гробница на Светот (каде се закопани нивните предци) – “танцуваат” во СВОЈАТА нормалност, во СВОИТЕ вредности за живот и смрт. Овој мрачен дом на Фамилијата Адамс е светилиште каде се слави смртта, но, се слави и љубовта – тајната состојка со која опстојува династијата Адамс“.

Претставата Фамилијата Адамс е на редовниот репертоар на Драмски театар Скопје и наредната изведба е на 26 април во 20 часот. Тоа ќе биде нејзина тринаесетта изведба по премиерата на 25 декември 2024 година.

Прикажи повеќе...

Култура

Премиера на „Црно семе“ во режија на Андреј Цветановски во битолскиот театар

Објавено пред

Претставата „Црно семе“ во режија на Андреј Цветановски, на 16 април ќе биде премиерно прикажана на сцената на Народниот театар во Битола.

dobivaj vesti na viber

Претставата е по култниот роман на Ташко Георгиевски, а зад драматизацијата стои потпиосот на Јелена Цветановска.

Приказната ги обработува страдањата на Македонците од Егејскиот дел на Македонија и борбата да го зачуваат својот национален идентитет. Се изведува во период кога се одбележуваат 90 години од раѓањето на Георгиевски.

„Судбината на помалите народи е тешка затоа што нивните приказни не се раскажуваат. Ако ние не си ги раскажеме своите приказни, нема кој“, рече режисерот Андреј Цветановски.

На сцената ќе настапат Мартин Мирчевски, Огнен Дранговски, Васко Мавровски, Никола Стефанов, Никола Пројчевски, Петар Горко, Борче Ѓаковски, Александар Стефановски, Александар Димитровски, Александар Копања, Марија Цветановска, Петар Спировски, Живко Борисовски, Хари Михајловски. Сценографијата е на Сергеј Светозарев, костимографијата на Благој Мицевски, музика Димитар Андоновски, кореографија Дамјан Цветановски.

Прикажи повеќе...

Култура

„12“ на МНТ наградена за најдобра претстава и најдобра режија на фестивал во Велес

Објавено пред

Македонскиот народен театар се врати од регионална турнеја (дел на првиот блок патувања), носејќи со себе голема гордост и силни впечатоци.

dobivaj vesti na viber

МНТ веднаш продолжи со својата динамична програма, каде што на 15 април, на IV Театарски фестивал „5РЕ“ во Велес, на сцената на театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“, настапи со актуелната претстава „12“, по мотивите на Реџиналд Роуз (12 Angry Men), во адаптација и режија на Синиша Евтимов.

Во согласност со едногласната одлука на жири-комисијата, во состав на: Александар Георгиев, Александар Ивановски и Миле Вратеовски, претставата на фестивалот во Велес стана добитник на две награди: награда за најдобра претстава во целина и награда за најдобра режија.

Извонредните актери во „12“: Ѓорѓи Јолевски, Гораст Цветковски, Тони Михајловски, Никола Ристановски, Благој Веселинов, Александар Микиќ, Игор Џамбазов, Јордан Симонов, Нино Леви/Сенко Велинов, Оливер Митковски, Владо Јовановски и Сашко Коцев, досега ги освоија домашниот и меѓународниот аудиториум со својата силна социјална порака и извонредна актерска игра, а овие награди се дополнителна сатисфакција за освојување нови признанија.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија10 часа

Таравари тајно преговарал со Ахмети, Меџити вели дека не го исклучиле од коалицијата туку тој се самоисклучил

Не е веќе тајна бидејќи коалицијата „Вреди“ одамна забележа дека постојат преговори меѓу Таравари и Ахмети со вмешаност на одредени...

Македонија12 часа

Се’ уште се прибираат докази во изгорениот „Пулс“, се вештачат телефони и лаптопи

Дел од обвинителите кои постапуваат во предметот за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, како и Јавниот обвинител, денеска, одржаа состанок...

Економија14 часа

Трговците со помалку од 10 вработени немаат обврска да ги објавуваат цените онлајн

Од четврток, 18 април, сите трговци (мали, средни или големи) ќе треба да ги објават цените на секој производ што...

Македонија15 часа

„Влен“ денес на средба ќе ја разгледа одлуката на Таравари да настапи на изборите со свои кандидати за советници

Во 14 часот денес ќе се состане коалицијата „Влен“ по што ќе се знае како ќе продолжат понатаму со Алијансата...

Македонија15 часа

Десет полицајци под истрага за несреќата во Кочани

Десет полицајци од Штип и од Кочани се под истрага за катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“. Според Обвинителството, тие се...

Македонија16 часа

(Видео) Спречен обид за шверц на 6,4 килограми сребро, извести Царинската управа

На граничен премин Богородица мобилен тим спречи обид за криумчарење на 6,4 килограми сребро во вредност од 472 илјади денари....

Македонија17 часа

Одложено рочиштето за убиството на Вања

Рочиштето за убиството на Вања, на кое обвинетиот Љупчо Палевски-Палчо требаше да даде исказ, е одложено. Судењето е одложено поради...

Топ17 часа

Возел пијан и без возачка, па лажно се претставил како вработен во АНБ: уапсен 31-годишник од Крива Паланка

Доцна синоќа во 02.30 часот на булеварот „Србија“ во Скопје, полицијата го приведе 31-годишниот Б.Р. од Крива Паланка поради сомнение...

Македонија19 часа

Алијансата за Албанците не излегува од „Влен“, на изборите ќе оди со свои кандидати

Алијанса за Албанците останува во коалицијата „Влен“, но на локалните избори ќе излезе со сопствена листа на кандидати за советници....

Свет20 часа

(Видео) Бајден го одржа својот прв говор по напуштањето на напушти Белата куќа: „Трамп пука, па нишани“

Поранешниот американски претседател Џо Бајден синоќа во Чикаго го одржа својот прв голем јавен говор откако ја напушти Белата куќа,...

Европа20 часа

Голема временска прогноза за регионот и Европа: каде ќе врне пороен дожд, а каде ќе има летни температури за Велигден

Април е месец кој се карактеризира со повеќе од променливо време, па како што може да ги прикаже летните временски...

Македонија20 часа

„Затворена Кардиохирургија, без да се обезбеди алтернатива“, партијата Левица бара оставка од Таравари

„Скандалозниот случај со починат пациент на Клиниката за кардиохирургија, поради некоординираност и неодговорност на власта, мора да резултира со одговорност...

Свет21 час

Кина: Трговското насилство на Трамп сериозно го поткопува глобалниот поредок

Кинеските власти сè повеќе ја кажуваат својата позиција за состојбата на глобалната економија додека Пекинг се подготвува за целосното влијание...

Свет21 час

Трамп: Нема повеќе социјална помош за имигрантите без документи

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа потпиша меморандум кој има за цел да ги спречи недокументираните имигранти и другите неподобни лица...

Македонија1 ден

Коцевски: Издадена наредба за приведување на седум полицајци, истрагата за Кочани се проширува

Издадена е наредба за приведување на седум полицајци со што практично се проширува истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ во...

Македонија1 ден

Антикорупциска со низа замерки за Законот за угостителска дејност

Државната комисија за спречување на корупцијата утврди низа пропусти во законите за угостителска дејност,инспекциски надзор и законот за заштита и спасување....

Македонија2 дена

Сѐ уште не се знае кој го вандализирал споменикот на децата бегалци во центарот на Скопје – плочата е откорната, МВР работи на случајот

МВР работи на расчистување на случајот со откорнатата плоча од споменикот на децата бегалци во срцето на Скопје. Во полицијата...

Топ2 дена

Случаен минувач го нашол изгубеното 6-годишно девојче од Куманово, по грешка се качило во автобус за Скопје

Полицијата во Гази Баба информираше дека е пронајдено шестгодишното девојче од Куманово кое вчера од страна на неговата мајка беше...

Македонија2 дена

Претреси на осум локации во Прилеп поврзани со работењето на болницата

Финансиската полиција ја тресе прилепската болница, а  во тек се претреси на осум локации. „Основното јавно обвинителство Прилеп постапува во...

Македонија2 дена

Маркетите, аптеките и продавниците за техника и мебел од петок мора да ги објавуваат цените на интернет

Маркетите, аптеките и продавниците за техника и мебел од петок ќе мора да ги објавуваат цените на своите производи на...