Македонија
МТСП доби награда ,,Поддржувач на годината’’ во борбата против хомофобијата, бифобијата и трансфобијата

Министерството за труд и социјална политика оваа година ја доби наградата „Поддржувач на годината“ од страна на субверзивен фронт во рамките на националната конференција „Како до интегриран пристап до услуги на здравствената и социјалната заштита за ЛГБТ-луѓето“.
Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, се заблагодари за наградата и истакна дека МТСП работи на целосна реформа на системот на социјална заштита, кој ќе ги подобри услугите и ќе овозможи еднаков пристап до нив, без никаква дискриминација.
На конференцијата се констатира дека сè уште се потребни значителни напори за спротивставување на нетолеранцијата кон ЛГБТ-заедницата. Во таа насока се менува Законот за спречување и заштита од дискриминацијата. Сексуалната ориентација и родовиот идентитет се вметнати како посебни основи за дискриминација, нешто што беше избегнато во законот донесен во 2010 година. Исто така, планирано е носење и стратегија за надминување на хомофобијата и трансфобијата.
Конференцијата се одржува по повод одбележувањето на меѓународниот Ден за борба против хомофобијата, бифобијата и трансфобијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Центар, Аеродром, Сарај и Бутел денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 09:00 – 11:00 часот, објектите во околината на Транспотниот Центар, односно делови од улиците: Мирче Ацев и Никола Карев. (Општина Центар)
· од 09:00 – 12:00 часот, дел од ул. Ѓорѓи Капчев. (Општина Аеродром)
· од 09:30 – 12:00 часот, дел од с. Никиштани. (Општина Сарај)
· од 11:00 – 14:00 часот, објектите во околината на БОРА ПЕТРОЛ во Индустриската зона – Качанички Пат, Визбегово. (Општина Бутел)
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, кон крајот на денот врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, наместа пообилни. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 8, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени.
Во Скопје, претпладне сончево со умерена облачност. Попладне облачноста ќе се зголеми, а во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 26 степени.
Времето во наредните денови
Во петок ќе има пообилни врнежи од дожд (над 30л/м2), а на повисоките планини ќе има услови за повремен снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер (над 60км/ч), особено вдолж Повардарието. Дневните температури значително ќе опаднат. Во деновите од викендот и во понеделник ќе има услови за слаб локален дожд, а дневните температури повторно ќе бидат во пораст.
Македонија
Без вода денеска дел од Карпош

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација – Скопје, информира дека поради дефект на приклучна цевка ф 1“ на улицата Ванчо Мицков бр.40, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Ванчо Мицков, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до санирање на дефектот.