Македонија
Уште една пресуда на Стразбур против Македонија – неправедно протеран бегалец од Косово

Македонското здружение на млади правници (МЗМП) известува дека Европскиот суд за човекови права во Стразбур во предметот Љатифи против Република Македонија утврди дека земјава ја повредила Европската конвенција за човекови права кога на бегалката од Косово ѝ ја прекинала меѓународната заштита поради тоа што наводно таа претставувала опасност за националната безбедност и ѝ наложилa да ја напушти земјава. Судот нашол дека со ваквата одлука на Министерството за внатрешни работи државата ги повредила процедуралните гаранции во случај на протерување странци, гарантирани со членот 1 од Протоколот број 7 кон Конвенцијата што државата ја има ратификувано.
Во пресудата Европскиот суд за човекови права образложува дека МВР со општа констатација тврдело дека постојат класифицирани информации обезбедени од Управата за безбедност и контраразузнавање според кои жалителката претставувала опасност за безбедноста во државата, без да посочи соодветни индикации за релевантните факти што послужиле како основа за таа процена. Сепак, тие докази никогаш не биле изведени пред судовите ниту, пак, на жалителката ѝ била дадена можност да ги оспори. Европскиот суд за човекови права при своето одлучување ја зел предвид редактираната верзија на документот од УБК што Владата го доставила и забележал дека не постоеле доволно детали за поддршка на наводите дека жалителката претставува опасност за безбедноста. Во согласност тоа, Судот во Стразбур утврдил дека правата на Љатифи се повредени, а одлуките што ги донеле македонските судови биле формални и без соодветно образложение, со што била сторена повреда на Конвенцијата.
Љатифи живее во Република Македонија од својата осумгодишна возраст, односно од 1999 година кога со своето семејство избегала од Косово поради конфликтот и побарала заштита во Македонија. Оваа пресуда има огромно значење како за неа така и за другите бегалци од Косово што живеат во Македонија, а на кои им е прекината меѓународната заштита. Последниот извештај на Европската комисија за напредокот на Македонија нотира: „Одлуките за престанок на правото на азил ги погодија главно косовските бегалци, чиј статус беше прекинат по 18 години престој во земјата. Косовските Роми беа особено погодени. Во 2017 година супсидијарната заштита беше укината во 82 случаја, кои погодија 162 лица, вклучително и четири случаи врз основа на закана за националната безбедност“.
Жалбата до Европскиот суд за човекови права беше поднесена на 1 април 2016 година од страна на застапникот на жалителката, адвокатот Александар Гоџо, во рамките на Групата за стратешко застапување предмети од областа на азилот, која е формирана и раководена од страна на Македонското здружение на млади правници, а поддржана од Канцеларијата на Високиот комесаријат за бегалци на ОН во Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Тендерите во РЕК и ЕСМ, во време на власт на Заев и Филипче завршуваа само кај ним омилената фирма, Марковски компани

Тендерите во РЕК и ЕСМ, во време на власт на Заев и Филипче завршуваа само кај ним омилената фирма, Марковски компани, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
„За неколку години, оваа фирма доби над 200 милиони евра во тендери, а дел од тие пари потребно е да се истражат дали завршиле во фирмите на Заев и Филипче во Бугарија. Поради сиве овие местенки и испумпувања на буџетот, како и заштита од поединци од судството на Заев и Филипче, сопственикот на Марковски компани доби куќен, наместо затворски притвор.
Една од историско најголемите зделки во РЕК и ЕСМ, ја добила токму Марковски компани, од неверојатни 46 милиони евра.
Иако, на овој тендер се пријавиле и други фирми со 30% пониска цена, Заев и Филипче овој тендер му го доделиле на Марковски компани.“, се вели со партиското соопштение.
Прашањето кое остана неодговорено е каде завршиле овие дополнителни 30% средства, односно во бројка околу 14 милиони евра? Дали овие 14 милиони евра завршиле на сметка на фирми на Заев и Филипче во Бугарија? Зошто Заев и Филипче молчат?, прашаа од ВМРО-ДПМНЕ.
„На ваков начин СДС работеше долги година на власт. Тендери си делеа неколку луѓе од врвот, како Заев и Филипче, а потоа си ги делеа и си инвестираа во фирми. Од друга страна, беа заштитени од страна на судството и обвинителството, кое тие го држат под контрола. Затоа, ги повикуваме граѓаните, да го поддржат бројот 9, и да го направат вистинскиот избор. Со твојот човек, за твоето место, за твојата иднина“, завршуваат од владејачката партија.
Македонија
Последна седмица од кампањата за локалните избори 2025

На една седмица од Локалните избори 2025, кои ќе се одржат на 19 октомври, политичките партии, коалициите и независните кандидати продолжуваат со претставување на своите програми и кандидати пред граѓаните. Денеска се најавени митинзи и директни средби во повеќе општини низ државата.
ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе ги претстават своите кандидати во Чучер-Сандево, Свети Николе и Штип, додека СДСМ има најавено активности во Ново Село, Босилово, Василево, Радовиш и во Струмица.
Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, ќе се обрати на прес-конференција што ќе се одржи во 10:30 часот во неговиот Штаб наспроти „Тренд“ во центарот на Скопје.
Каја Шукова – кандидатка за градоначалничка на Град Скопје од СДСМ и Коалицијата ќе даде изјава за медиумите во Градски парк кај Кермез во 11:30 часот.
Со почеток во 12:00 часот, кандидатот на Вреди за градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, ќе одржи прес – конференција во неговиот изборен штаб на плоштад Скендербег.
Прес-конференција во седиштето на ДУИ во Скопје денеска напладне ќе одржи потпретседателот на Демократската унија за интеграција Арбер Адеми на која ќе се обратат и кандидатот за градоначалник на Гостивар, Валбон Лимани, и кандидатот за градоначалник на Јегуновце, Насир Абази.
Кампањата официјално завршува на 17 октомври на полноќ, по што следува изборниот молк пред гласањето на 19 октомври. Вториот круг е закажан за 2 ноември.
Македонија
Сончево со мала до умерена локална облачност

Времето во Македонија денеска претпладне ќе биде променливо облачно, во текот на денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Утре времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и дневни температури од 16 до 22 Целзиусови степени. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.