Црна хроника
Триесет и седумгодишен битолчанец најден починат на улица

На улицата Кирил Пејчиновиќ во Битола вчера попладнето било пријавено во полиција дека е најдено починато лице.
По извршениот увид, било констатирано дека се работи за триесет и седумгодишниот битолчанец Џ.С. За настанот бил известен јавен обвинител, кој наредил обдукција врз телото на починатиот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Еден загинат на патот Битола-Ресен

Попладнево на регионалниот пат А3, Битола-Ресен кај местото викано Макази се случи сообраќајна несреќа во која загина 46 – годишен маж од ресенско село.
Од СВР Битола информираат дека во сообраќајната несреќа учествувале патничко моторно возило марка „БМВ” со ресенски регистарски ознаки управувано од 46 – годишен жител на ресенско село кој удрил во патничко возило марка „Пежо” со битолски ознаки, а потоа патничкото возило „Пежо“ удрило во друго патничко возило марка „БМВ” со ресенски ознаки управувано од 47 – годишен жител на ресенско село со кого бил и сопатник. Од ударот на лице место починал 46 – годишниот возач на „БМВ”, а смртта ја констатирал лекар од Итна медицинска помош Ресен.
Возачот и сопатникот во другото возило „БМВ” се пренесени во Клиничка болница Битола за укажување на лекарска помош.
Регионалниот пат од м.в.Макази до селото Ѓавато е пренасочен по стариот пат, потврдија за МИА од СВР-Битола.
Топ
Нарко-босот Валмир Етеми беше екстрадиран, а сега е пуштен од притвор со гаранција од 600.000 евра

Обвинетиот Валмир Етеми кој е организатор на криминална група за трговија со дрога и оружје во охридско-струшкиот регион, кој беше во бегство, беше екстрадиран, но сега е пуштен од притвор откако Скопскиот Апелационен суд ја прифати неговата жалба.
Судот го прифатил предлогот за гаранција во висина од над 600.000 евра, обезбедена со хипотека на недвижен имот. Покрај тоа, му се определени и мерки на претпазливост, вклучувајќи редовно јавување на суд и одземање на патната исправа.
Скопскиот Апелационен суд објави дека за утре ќе дадат повеќе информации за образложението по кое ја прифатиле жалбата на обвинетиот, а го пуштиле на слобода, иако обвинителството за организиран криминал веќе испрати негативно мислење за пуштање на обвинетиот, наведувајќи неколку важни причини.
Црна хроника
Гореше стан во скопски Мичурин, нема повредени

Попладнево избувнал пожар во стан на четвртиот кат од зграда во скопската населба Мичурин.
Според првичните информации, пожарникарите од Противпожарната бригада на Град Скопје веднаш излегле на терен со неколку возила и успеале да го локализираат и изгаснат пожарот.
Очевидци потврдуваат дека огнот е целосно ставен под контрола и дека, за среќа, нема повредени. Меѓутоа, пожарот предизвикал значителна материјална штета во станот каде што избувнал.
Засега не се познати причините за избувнувањето на огнот, а повеќе информации се очекуваат во текот на денот.