Свет
Чилеански бискупи му понудија на папата да се повлечат поради скандал со малтретирања
Сите триесет чилеански бискупи, кои се обвинети за криење докази за сексуални малтретирања, му понудиле на папата Франциско да се повлечат, стои во нивното заедничко соопштение.
„Ги ставивме нашите позиции во рацете на светиот татко и нему му препуштаме слободно да одлучи за секој од нас“ соопштиле бискупите, пренесе „Ројтерс“.
Бискупите исто така им се извиниле на Чиле, на жртвите на малтретирањата и на папата поради скандалот. Папата ги обвини бискупите за уништување докази за сексуални малтретирања, за притисок на црквените адвокати да ги намалат обвинувањата, како и за огромното невнимание во заштитата на децата од свештениците педофили.
Папата одржа состанок со бискупите, при што им предаде документ од десет страници, во кој папата истакнува дека целокупната хиерархија на чилеанската католичка црква е колективно одговорна за огромниот недостиг во раководењето на случаите на малтретирање, што резултирало со губење на кредибилитетот на црквата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Потона брод во близина на брегот на Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот
Романските спасувачки тимови денеска трагаа по тројца исчезнати членови на екипажот на товарен брод што потона во близина на брегот на Црното Море, соопштија поморските власти.
Информациите кои ги добиле се дека рано утрината дека бродот „Мохамад З“ под знаме на Танзанија потонал на 26 наутички милји од дунавското село Сфанту Џорџ.
Во потрагата и спасувањето биле вклучени Морнаричкиот центар за координација на спасување (МРЦЦ), граничната полиција и два блиски комерцијални брода.
Засега не се познати причините поради кои бродот потонал.
Европа
Шолц ја откажа изборната кампања и ги посети поплавените региони во Германија
Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска ги посети поплавените региони во западната германска сојузна покраина Сарланд, каде обилните дождови предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето, а неколку згради беа евакуирани.
Шолц ја откажа својата изборна кампања во Сар, на границата со Франција, и наместо тоа, го обиколи делумно поплавениот пат во селото Клајнблитерсдорф заедно со регионалниот гувернер Анке Релингер.
Тој ја потврди солидарноста на сојузната влада со Сарланд.
„За жал, не е првпат да треба да се справиме со голема природна катастрофа, па ќе разгледаме што треба да се направи овде и што е неопходно“, им рече Шолц на новинарите.
Службите за итни случаи одговорија на илјадници повици за помош во главниот град на покраината, Сарбрикен.
Регион
Во Будва уловена сина ајкула тешка 200 килограми
Сина ајкула долга повеќе од три метри и тешка 200 килограми е уловена во Будва.
Уловите на сина ајкула од минатите години покажуваат дека овој вид ајкула најчесто се среќава во Јадранското Море на пролет.
Рајко Бојановиќ, член на спортскиот риболов клуб „Ширун“, улови ајкула и рече дека ќе биде препарирана во Природонаучниот музеј на Црна Гора, а изложбата е планирана за септември.