Црна хроника
Фатен со фалш документи – во пасошот залепил страница од друга патна исправа
Албанец бил фатен со фалсификуван пасош на Граничен премин „Табановце”. При излез од земјава, при пасошка контрола на Т.Р.(49) од Р.Албанија, со албанска патна исправа констатирано е дека патната исправа е фалсификувана, односно намерно е оштетена една страница со тоа што бил залепен дел од друга патна исправа. Лицето е приведено и предадено во СВР Куманово за понатамошна постапка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Тешка сообраќајка кај Влае – има повредени, едното возило преполовено
Тешка сообраќајна несреќа се случи утрово на булеварот Партизански одреди во скопската населба Влае.
Во несреќата учествуваа две возила, од кои едното е преполовено од силата на ударот.
Според информациите од МВР, со возилата управувале 32-годишна скопјанка и 27-годишник, и двајцата од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила жената, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Додека другиот возач и неговиот сопатник се здобиле со телесни повреди.
За настанот бил известен јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Mлад скопјанец натепан во автобус во Карпош од две двојно постари лица
Синоќа во градски автобус на подрачјето на Карпош, Н.Ј.(23) од Скопје бил физички нападнат од Ј.И.(58) и 50 – годишната Л.И., двајцата од Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, објави МВР во дневниот билтен.
Топ
Деца натепани од врсници на Бит Пазар пред зградата во која живеат
Триесет и четиригодишната Ч.М.А. од Скопје пријавила дека околу 16.30 часот пред зградата во која живеат на подрачје на Бит Пазар, нејзините малолетни деца биле физички нападнати од двајца малолетници.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, објави МВР во дневниот билтен.