Македонија
Општина Аеродром: Сите нови објекти кои се градат се во согласнот со урбанистичките планови
Митевски и ВМРО-ДПМНЕ лажат и со тоа уште еднаш ја докажуваат безидејноста на новото партиско раководство, реагираат денеска од општина Аеродром на обвинувањата од претставникот на опозициската партија, Дејан Митески, кој рече дека во скопската општина тајно се предвидува изградба на 4 нови станбени блокови со површина од над 90.000 м2 површина.
Од општина Аеродром истакнаа дека ВМРО-ДПМНЕ пласира лаги и неосновани сомневања, притоа користејќи вокабулар кој, како што велат, не доликува на најголемата опозициска партија.
„ДУПИ17 беше донесен законски, а постапката е започната уште во 2016 година. Се работи за потегот паралелно со булевар Трета македонска бригада, односно од зградата на ‘Американ колеџ’ до зградата на ‘Технометал Вардар’, кој со претходниот ГУП бил организиран со лесна и незагадувачка индустрија, што довело до несоодветна уреденост на просторот“, стои во општинското соопштение.
Оттаму додаваат дека на оваа локација има постоечки објекти од минатиот век, кои се целосно запуштени.
„Новиот ДУП, кој е сега усогласен со актуелниот ГУП, ќе овозможи замена на старите со модерни деловно – станбени објекти и соодветно уредување на просторот, односно изградба на нови улици и зелени површини. Инаку, согласноста од Министерството за транспорт и врски пристигна во Општина Аеродром непосредно пред одржување на 10-та седница на Советот. Според закон, градоначалникот е обврзан во рок од 3 дена од пристигнување на оваа согласност, односно на првата следна седница на Советот на општината, да го стави на гласање секој ДУП за кој е добиена оваа согласност“, велат од општина Аеродром.
Истакнуваат и дека времето на криминално работење и шверцерско носење ДУП-ови поминало.
„Новото раководство на Општина Аеродром работи согласно законот и според приоритетите на граѓаните. Токму затоа, урбанистичките планови кои се работат се во насока на уредување и развивање на помалку урбанизираните делови на Општината. Наша цел е да го заштитиме урбаното јадро од нови маркици и да овозможиме развој и квалитетен живот во секој дел од Општина Аеродром“, се наведува во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

