Македонија
Пенс по разговорот со Ципрас: Грција и Македонија се пред историска можност
Американскиот потпретседател, Мајкл Пенс и грчкиот премиер, Алексис Ципрас, телефонски разговарале за преговорите за изнаоѓање решение за името на Република Македонија, по што Пенс на социјалната мрежа „Твитер“ го соопшти својот став во врска со најовите напори за надминување на овој спор.
Spoke to Greek PM @tsipras_eu today. Thanked him for his leadership, along w/ Macedonian PM Zaev, on efforts towards resolving longstanding name dispute. Historic opportunity. Hope both parties can reach mutually acceptable agreement & promote peace & stability in region.
— Vice President Mike Pence (@VP) May 19, 2018
„Денеска зборував со грчкиот премиер Ципрас. Му се заблагодарив за лидерството кое го покажуваат заедно со македонскиот премиер Заев, во врска со напорите за решавање на долгогодишниот спор околу името. Ова е историска можност. Се надевам дека двете страни ќе изнајдат заеднички прифатливо решение, во насока на мир и стабилност во регионот“, напиша американскиот претседател во пораката објавена на социјалната мрежа „Твитер“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општината Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот корисниците на улиците Борис Сарафов и Атанас Иљоски (општина Ѓорче Петров).
Македонија
Магла на два патни правци, најавен собир на регионалниот пат Берово – Струмица, сообраќајот ќе биде блокиран
Поради појава на магла се бележи намалена видливост од 50 – 60 магла има на патните правци Неготино – Градско и Неготино – Демир Капија, извести АМСМ.
Најава за прекин на сообраќај: На 19.12.2025 година во 10.00 часот од страна на Месно население на село Двориште, најавен е јавен собир на Регионален пат П-1302 (Берово – Струмица) на место викано „Студенецо“, при што сообраќајот ќе биде блокиран, а возачите кои сообраќаат по патниот правец Струмица – Берово, да ги користат алтернативните патни правци, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, претпладне магла
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне наместа ќе има појава на магла. Во југоисточниот дел од земјата ќе дува слаб ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на стабилна воздушна маса до понеделник ќе се задржи стабилно и тивко време. Наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност. Во вторник кон крајот на денот ќе има услови за локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

