Македонија
Командантот на КФОР во посета на Генералштабот на АРМ
Делегација на меѓународните мировни сили во Косово-КФОР, предводена од командантот на мисијата, генерал-мајор Салваторе Куочи, престојуваше во официјална посета на Министерството за одбрана и Генералштабот на АРМ (ГШ).
Коучи за време на престојот во ГШ на АРМ остварил одвоени средби со министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, и со началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски.
„На првиот официјален состанокот оваа година помеѓу делегацијата на КФОР и дел од персоналот во ГШ на АРМ се разговараше за безбедносната состојба во регионот, актуелната ситуација со мигранската криза и потенцијалните алтернативни рути на движење, соработката со силите на КФОР во однос на актуелните безбедносни ризици и терористички закани“, се наведува во соопштението на Генералштабот на АРМ.
Оттаму додаваат дека делегацијата имала можност да се запознае со активностите на АРМ поврзани со актуелната состојба на јужната граница поврзана со мигрантската криза, како и можноста за користење на АП Криволак за обука и вежби на персоналот на мисијата.
Генералите Величковски и Куочи за време на состанокот истакнале дека воспоставената одлична соработка на АРМ и силите на КФОР и присуството на мисијата се од големо значење за безбедноста и стабилноста во целиот регион.
Инаку, според информациите, делегацијата во текот на еднодневната посета на Република Македонија ќе оствари посета и на Министерството за внатрешни работи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

