Македонија
Мониторинг на централните вести: само 7 проценти од прилозите биле оригинални теми
За разлика од периодот пред една година, разноликост во известувањето во вестите на најгледаните комерцијални телевизии и кај јавниот сервис постои, но таа денес, во услови на сменети политичко-општествени и медиумски услови, зависи од уредувачката политика на самите медиуми, нивната иницијативност и ангажираност во изборот и обработката на темите, како и од почитувањето на професионалните стандарди во чие средиште треба да биде јавниот интерес. Разноликоста во вестите на ТВ-каналите сè уште не претставува прашање на конкурентски натпревар во функција на јавниот интерес.
Ова е заклучокот од мониторингот на осум ТВ-канали – шест најгледани комерцијални телевизии и на двата канала на јавниот сервис, што беше спроведен од 19 до 25 февруари 2018 година од страна на Македонскиот институт за медиуми и Мировниот институт од Љубљана.
МИМ наведува дека мониторингот утврдува дека разликите биле најголеми во пристапот кон известувањето, што кај некои телевизии претставувал едноставно пренесување на информациите, а кај други коментаторско и субјективно толкување. Само на три телевизии бројот на прилози без позначителен новинарски ангажман бил под 50 отсто, а на МТВ1 тој изнесувал над 90 отсто.
Наодите упатуваат на тоа дека без оглед на жанровските специфики, карактеристичниот пристап во известувањето за актуелните теми или бројот на прилози за сопствени теми, телевизиите покажале преголеми сличности во темите на кои им даваат приоритет. Сепак, бројот на прилози за теми што излегуваат од рамката на дневното известување е премногу мал. Така, на пример, oд 796 анализирани прилози, само 56 (7 отсто) се однесувале на теми што ги отвориле и разработиле самите редакции.
Според географската концентрација, телевизиите во три четвртини од прилозите се фокусираат на настаните што се случуваат во Скопје за сметка на другите делови од државата. Истражувањето покажа дека недостига поголем граѓански фокус во известувањето, односно наместо само да се пренесуваат информациите што доаѓаат од функционерите, треба да се прикаже каков ефект имаат случувањата врз граѓаните.
Овие активности се дел од проектот „#РеФорМедиа – Унапредување на соработката меѓу граѓанското општество, институциите и граѓаните за спроведување реформи во медиумската сфера“ и го спроведуваат МИМ и Мировниот институт од Љубљана, со финансиска поддршка од ЕУ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Шуто Оризари и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од улицата Македонско Косовска Бригада лоцирани спрема подвозникот кај Визбегово, како и дел од корисниците од улицата Индира Ганди, лоцирани покрај пруга кај подвозникот, општина Шуто Оризари;
– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од улицата Фјодор Достоевски, општина Карпош.
Македонија
Голем одрон кај село Ратево, магла на патниот правец Тетово – Гостивар
На патниот правец Р-1302 Берово – Струмица (кај село Ратево) поради поголем одрон сообраќајот се одвива по направена девијација во должина од 50 метри. Намалена видливост и појава на магла на патниот правец Тетово – Гостивар до 70 метри, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода денеска објектите на хотел Континентал и Ист Гејт
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на затворач на булеварот Александар Македонски бб (кај Континентал), прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на хотел Континентал и Ист Гејт.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

