Црна хроника
Државјанин на Албанија крадел од џамија во Тетово

Полициската станица од Тетово поднесе кривична пријава против 24-годишниот А.А. од Република Албанија поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „тешка кражба” и ,,кражба”.
„Во текот на 2016 година во џамијата ‘Табана’ на улицата Мирче Ацев во Тетово пријавениот, заедно со уште едно непознато лице, со употреба на физичка сила го отвориле сандачето за донирање парични срества на верниците и одзеле околу 8 000 денари. Пред неколку дена, во истата џамија, пријавениот заедно со уште едно непознато лице, од метален сеф кој бил отворен одзеле од 3 000 до 8 000 денари“, соопшти МВР за овој случај.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.