Македонија
Поради масовниот интерес по првата акција, Карпош повторно ќе доделува субвенции за велосипеди

На денешната десетта седница на Советот на Општина Карпош советниците одново одобриле одлука за субвенционирање при купување нови велосипеди за жителите на оваа скопска општина.
По масовниот интерес за првата ваква акција, за која беа предвидени 300.000 денари, локалната самоуправа продолжува со уште една, втора по ред акција за годинава, во која се предвидени дополнителни 360.000 денари финансиски средства, со кои ќе се помагаат карпошани да купат нови велосипеди.
Исто така, на денешната седница советниците едногласно ја одобриле одлуката за добивање финансиски средства, за замена на стари куќни водомери со нови ултразвучни и нивна интеграција жво системот на далечинско отчитување на системот на Јавното претпријатие „Водовод и канализација“. Градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев, нагласил дека ова е грант од ЕБРД преку Министерството за транспорт и врски, кој ќе изнесува околу 200.000 евра. Инаку, со овој проект би се опфатиле 500 куќни домаќинства.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Големи гужви на Богородица, Табановце и на Меџитлија поради продолжениот викенд

Зголемени гужви се забележуваат на граничните премини во Македонија, каде што возачите се соочуваат со подолго чекање поради продолжениот викенд и летните патувања. Најголем застој има на Богородица, Табановце и Меџитлија, каде колоните од возила растат од час во час.
На граничниот премин Богородица чекањето за излез од државата е околу половина час, додека на Табановце задржувањата за влез и излез се движат од 40 минути до еден час. Слична состојба има и на Меџитлија, каде возачите известуваат за долги колони и нервозни реакции. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања.
И покрај гужвите на границите, од Авто-мото сојузот информираат дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено и по суви коловози, со зголемен интензитет надвор од градските средини. Поради летниот бран патувања, се бележи голема фреквенција на возила, а на некои делници е можен и краткотраен застој.
АМСМ апелира возачите да ја приспособат брзината, да ја почитуваат поставената сигнализација и да управуваат внимателно со возилата. Особено се посочуваат делниците низ котлините, речните долини и клисурите, каде што постои ризик од појава на одрони. Најризични делници се Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Борова шума гори во Берово, депонии во Прилеп и во Долнени во пламен, чади и во Вардариште

Македонија денеска се соочува со сериозна слика на теренот – до 12 часот регистрирани се вкупно седум пожари на отворен простор. Од нив, три сè уште се активни, еден е ставен под контрола, додека три се целосно изгаснати, информираат од Центарот за управување со кризи.
Најсериозната состојба е во Берово, каде над туристичката населба Абланица огнот зафатил висококвалитетна борова шума. Силниот пламен и густата вегетација го отежнуваат гаснењето, а екипите се на терен и се борат за да го спречат огнот да се прошири кон населбата.
Во општина Долнени, депонијата во селото Дебреште е зафатена од пламен, што предизвикува дополнителни проблеми со густ чад и непријатен мирис кој се шири кон околните села. Слична е ситуацијата и во Прилеп, каде пожар избувна во фабриката „Изофас“, каде што огнот се проширил на ниска вегетација. Таму пожарникарите дејствуваат за да спречат ширење кон индустрискиот дел.
Во Скопје, на територија на општина Гази Баба, огнот зафати ѓубриште во Вардариште. Благодарение на брзата реакција, овој пожар е ставен под контрола и не претставува закана за пошироката околина.
Добра вест е што три пожари веќе се изгаснати. Во Гевгелија, кај селото Конско, пламенот кој зафатил ниска вегетација и дива депонија е локализиран. Исто така, изгаснат е и пожарот на депонијата во селото Банско кај Струмица, како и оној во Дебар, каде што огнот се проширил на плевна во близина на градските гробишта.
Од ЦУК апелираат на внимателност, бидејќи високите температури и сувото време создаваат услови за брзо ширење на пожарите. Граѓаните се предупредуваат да бидат претпазливи и веднаш да пријават секое забележано жариште.
Македонија
Трка во чест на херојот од Кочани кој 11 пати возеше до Скопје за да спаси животи и го загуби својот

Делчево е домаќин на првото издание на „Голак Треил“, спортски настан кој комбинира планинско трчање и брзо одење низ живописните предели на планината Голак. Настанот има хуманитарен карактер и е посветен на прерано починатиот Иле Гоцевски, возачот на Брза помош во Кочани, кој остана запаметен по својата пожртвуваност и хуманост.
Иле Гоцевски, во текот на трагичната ноќ кога животите беа во прашање, 11 пати возеше од Кочани до Скопје за да помогне во спасувањето на пациентите. Неговата посветеност и храброст станаа симбол на вистински хуман гест, но за жал тој го загуби сопствениот живот.
„Во негова чест, патеката на првото издание на ‘Голак Треил’ ќе биде долга 11 километри, симболично претставувајќи го патот на Иле и неговата борба за секој спасен живот,“ соопштија од Еколошкото друштво „Голак“, организатор на настанот.
Сите собрани средства од котизациите ќе бидат донирани на „Support Kocani“, а настанот, покрај хуманитарниот карактер, ќе има цел и да ја промовира планината Голак како природна дестинација за спорт, рекреација и туризам.
Организаторите нагласуваат дека преку вакви иницијативи сакаат да ја зголемат свеста за значењето на здравиот начин на живот, но и да го поттикнат развојот на туризмот во источниот дел на Македонија.