Свет
Се намалува поддршката за построга контрола на оружјето во САД
Масакрот во училиштето во Паркленд, Флорида, имаше мало влијание врз ставовите на американските граѓани за контролата на оружјето, покажува анкетата на „Ројтерс“ три месеци по смртта на 17 лица, која предизвика националното движење покренато од страна на неколку од учениците кои го преживеаја масакрот.
Американската јавна поддршка за построга контрола на оружјето расте полека, но во континуитет со текот на годините, и обично таа се зголемува веднаш по масовните престрелки, за потоа да се врати на претходното ниво, пишува „Ројтерс“.
Најновата анкета покажува дека 69 отсто од американските граѓани поддржале силни или умерени прописи или ограничувања за поседување огнено оружје, што претставува намалување од бројката од 75 отсто кон крајот на март, кога беше спроведена првата анкета по настаните во средното училиште „Марџори Стоунмен Даглас“ во Паркленд. Новите податоци од анкетата се речиси непроменети во однос на нивоата пред масакрот во Паркленд.
Според „Ројтерс“, американската јавност се прашува дали настаните од Паркленд ќе му се спротивстават на трендот со поддршката за контролата на оружјето, особено откако преживеаните ученици се обидоа да го претворат јавното мислење во политичко движење околу контролата на оружјето.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Потона брод во близина на брегот на Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот
Романските спасувачки тимови денеска трагаа по тројца исчезнати членови на екипажот на товарен брод што потона во близина на брегот на Црното Море, соопштија поморските власти.
Информациите кои ги добиле се дека рано утрината дека бродот „Мохамад З“ под знаме на Танзанија потонал на 26 наутички милји од дунавското село Сфанту Џорџ.
Во потрагата и спасувањето биле вклучени Морнаричкиот центар за координација на спасување (МРЦЦ), граничната полиција и два блиски комерцијални брода.
Засега не се познати причините поради кои бродот потонал.
Европа
Шолц ја откажа изборната кампања и ги посети поплавените региони во Германија
Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска ги посети поплавените региони во западната германска сојузна покраина Сарланд, каде обилните дождови предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето, а неколку згради беа евакуирани.
Шолц ја откажа својата изборна кампања во Сар, на границата со Франција, и наместо тоа, го обиколи делумно поплавениот пат во селото Клајнблитерсдорф заедно со регионалниот гувернер Анке Релингер.
Тој ја потврди солидарноста на сојузната влада со Сарланд.
„За жал, не е првпат да треба да се справиме со голема природна катастрофа, па ќе разгледаме што треба да се направи овде и што е неопходно“, им рече Шолц на новинарите.
Службите за итни случаи одговорија на илјадници повици за помош во главниот град на покраината, Сарбрикен.
Регион
Во Будва уловена сина ајкула тешка 200 килограми
Сина ајкула долга повеќе од три метри и тешка 200 килограми е уловена во Будва.
Уловите на сина ајкула од минатите години покажуваат дека овој вид ајкула најчесто се среќава во Јадранското Море на пролет.
Рајко Бојановиќ, член на спортскиот риболов клуб „Ширун“, улови ајкула и рече дека ќе биде препарирана во Природонаучниот музеј на Црна Гора, а изложбата е планирана за септември.