Свет
Либанскиот претседател ги започна консултациите за новиот премиер

Либанскиот претседател ги започнал консултациите со пратениците за именување нов премиер по парламентарните избори кои се одржаа овој месец.
Мишел Аун ги започна консултациите во четвртокот, на средбата со премиерот Саад Харири, за кој се очекува да ја задржи функцијата.
Харири е поддржан од најголемите блокови во парламентот и, најверојатно, ќе работи на формирање национален кабинет на единство, сличен на оној од 2016 година.
Консултациите за премиерската позиција, започнаа еден ден откако парламентот го избра Набих Бери како негов претседател. Тој се наоѓа на оваа функција од 1992 година.
САД и нејзините арапски сојузници воведоа голем број на санкции насочени кон милитантната група Хезболах, која доби многу гласови на изборите и сака да одигра поголема улога во новата влада на Либан.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Германскиoт министер за одбрана: Упадот на руски беспилотни летала во Полска не е грешка

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус изјави дека руските беспилотни летала што влегле во полскиот воздушен простор биле „јасно насочени на тој начин“.
Писториус ја отфрла можноста за случајна грешка.
Одговарајќи на прашања од пратениците во Бундестагот во Берлин, Писториус рече: „Нема причина да се сомневаме дека станува збор за корекција на курсот, грешка или нешто слично“.
Тој нагласи дека ова покажува како тие се „постојано изложени на закани од провокации“ од руските сили – во Балтикот од морето, а за Централна Европа преку „хибридни напади“ или летови како овие дронови.
Свет
Поплави на Бали, најмалку девет лица загинаа

Поплавите на индонезискиот остров Бали оваа недела убија најмалку девет лица, ги блокираа главните патишта во главниот град и го нарушија животот во прометната туристичка дестинација, соопштија денес официјални лица.
Силните дождови помеѓу вторник вечерта и среда предизвикаа големи поплави и убија пет лица во главниот град на Бали, Денпасар, изјави Абдул Мухари, портпарол на државната агенција за природни катастрофи.
Уште четири лица загинаа во регионите Џембрана, Џијањар и Бадунг, додаде Мухари. Две лица сè уште се водат како исчезнати.
Од 600 жители погодени од поплавите, речиси 200 се евакуирани од своите домови во училишта и џамии бидејќи нивните куќи се сè уште поплавени, соопшти агенцијата.
И. Њоман Сидакарја, раководител на агенцијата за пребарување и спасување на островот, изјави дека поплавите уништиле две згради во Денпасар и додаде дека пристапот до меѓународниот аеродром, кој се наоѓа недалеку од Денпасар, е ограничен бидејќи по патиштата можат да се движат само камиони.
Индонезискиот претседател Прабово Субианто изрази сочувство и му нареди на раководителот на националната агенција за катастрофи да отпатува на Бали за да ги води итни интервенции таму и да ги гарантира основните потреби на населението.
Свет
Руското Министерство за надворешни работи: Полска шири митови

Руското Министерство за надворешни работи ги отфрли обвинувањата дека беспилотните летала намерно влегле во полскиот воздушен простор, нарекувајќи ги митови.
Ја обвини Варшава за „понатамошно ескалирање на украинската криза“ со вакви тврдења, но потврди дека е подготвена да учествува во евентуални разговори со Полска.
Претходно, руското Министерство за одбрана соопшти дека „ниту една педа на територијата на Полска не е планирана како цел“ и дека максималниот дострел на руските беспилотни летала што се користат во нападот врз Украина не надминува 700 километри.