Црна хроника
„Мерцедес“ удрил во мотоцикл и го напуштил местото на несреќата

Две лица кои се возеле на мотоцикл, се повредени во сообраќајна несреќа, во Скопје, кога возач на „мерцедес“ удрил во нив, по што го напуштил местото на несреќата.
„Сообраќајката се случила во 01:38 часот ноќеска на бул. „Гоце Делчев“, во близина на крстосница со улицата „Лазар Личеновски“. Патничко возило „Мерцедес“ со непознати регистарски ознаки, управувано од непознат возач, удрил во мотоцикл „Сузуки“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Б.С.(33) од Скопје, по што го напуштил местото. Од ударот возачот Б.С. и сопатникот Б.О. (33) од Скопје се здобиле со повреди и со друго возило биле пренесени во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“, каде им била укажана лекарска помош. Кај возачот Б.С. биле констатирани тешки телесни повреди, додека кај сопатникот Б.О. биле констатирани телесни повреди“, соопшти МВР.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Изгоре стан во Прилеп, поради вдишување чад две лица пренесени во болница

Вчера околу 13.00 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека во населба „Точила“ во Прилеп настанал пожар во стан сопственост на Т.Ј., во кој престојувала неговата неговата сестра Ц.С.(51) и неговиот зет Д.П.(40), двајцата од Скопје.
Од екипа на Територијалната противпожарна единица Прилеп пожарот бил изгаснат, а поради вдишување чад Ц.С. и сосетката С.П.(73) од Прилеп биле пренесени во болницата во Прилеп за укажување лекарска помош.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп.
Црна хроника
Уапсен битолчанец, ја истепал својата сопруга

Вчера во 23.45 часот, полициски службеници од ОВР Крушево го лишиле од слобода 27-годишниот Ѓ.С. од Битола, со престој во крушевско село, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата сопруга.
По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Во полиција пријавен 17-годишник од установа за згрижување деца: агресивно се однесувал, се заканувал, па искршил инвентар во службените простории

Вчера во 10.20 часот во Полициската станица Карпош, од Јавната установа за згрижување деца – Организациона единица Влае било пријавено дека нивниот штитеник 17-годишниот Р.М. го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување, упатувал закани на вработено лице, оштетил дел од инвентарот во службените простории, по што се оддалечил од установата, од која и претходно се оддалечувал и бил враќан.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.