Македонија
Претпладне сонце, попладне пороен дожд и грмежи
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, а попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд и грмежи, соопшти Управата за хидрометеролошки работи.
Повеќе услови за нестабилност ќе има во западните и југоисточните делови, каде е можно процесите краткотрајно да бидат поинтензивни. Минималните температури ќе се движат од 10 до 16 степени, а максималните од 25 до 32 степена.
И во Скопската Котлина попладне нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, со температури до 30 степени.
Во следните денови во претпладневните часови ќе се задржи сончево и топло, а попладне ќе има локализирана појава на пороен дожд и грмежи. Температурите нема многу да се менуваат, а ветерот ќе биде претежно северен. Нешто понестабилен период се очекува кон крајот на работната седмица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Од денеска жичницата на Водно ќе работи два часа повеќе од досега
Од ЈСП Скопје информираат дека дека поради празникот 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот, јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред.
Од 7 до 14 часот ќе работат билетарниците: на Транспортен центар и во Ѓорче Петров.
Од денеска, Жичницата ќе работи два часа повеќе од досега, односно од 10 до 20 часот. Од 19-19.30 часот е последно возење од долу кон врвот, додека во 19.45 часот е последно возење од врвот надолу. Работното време е согласно со Одлуката за работно време на Жичницата во период мај – септември.
– По повод претстојниот државен празник „Ден на трудот“, од „Паркинзи на општина Центар“ известуваат дека паркиралиштата со кои стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар ќе бидат без наплата за сите граѓани.
Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата ќе продолжи на 02.05.2024 година (четврток) со вообичаено работно време.
Македонија
Колони возила на Богородица, се чека и по еден час
Според информациите на граничниот премин Богородица за излез од Македонија се чека и по еден час за возила кои се упатиле кој Грција.
Од АМСМ информираат дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Меѓународниот ден на трудот, 1 мај, денеска се одбележува во светот во знак на сеќавање на тој датум во 1886 година, кога работниците во Чикаго со штрајкови и протести ја започнаа својата борба за осумчасовен работен ден.
Македонија
Се препорачува прилагодена брзина на движење поради можна појава на одрони
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информираат утрово од АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица од 01.04.2024 е пуштен за сообраќај за сите видови возила со вкупна тежина до 3.5 тони.