Македонија
(Видео) Могерини: Охрабрени сме од напредокот во преговорите меѓу Скопје и Атина

Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини, порача од Брисел дека Унијата е охрабрена од напредокот во преговорите за името меѓу Скопје и Атина.
“We are all very encouraged by the progress made between Skopje and Athens on the name issue” @FedericaMog met with ??FMs and ??FM @Dimitrov_Nikola this morning pic.twitter.com/DzNftspnY8
— European External Action Service – EEAS ?? (@eu_eeas) May 28, 2018
„По неформалниот појадок со министрите за надворешни работи на ПЈРМ и на земјите членки, охрабрени сме од напредокот што го постигна земјата, особено во преговорите за проблемот со името со Атина. Сите ние ќе работиме да ги поддржиме и да има позитивен резултат од овие важни преговори“, рече Могерини.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без вода денеска корисниците од улицата Црвена Скопска Општина

Од ЈП Водовод и Канализација добиено е известување дека денеска, поради дефект во шахта (промена на шибер во шахта ф 50 мм) на улицата Кеј Димитар Влахов бр.4, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Црвена Скопска Општина (сите објекти кои се наоѓаат на истоимената улица).
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работата.
Македонија
На Богородица се чека околу 30 минути

Поради пожар во националниот Парк Јасен, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје затворен е за секаков вид на возила, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП Богородица времето на чекање е околу 30 минути, додека на останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез или излез од државата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, наместа нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Наместа ќе има појава на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 26 до 32 степена.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди, ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 32 степени.
Времето во наредните денови
Од среда до петок ќе преовладува претежно стабилно време со пораст на дневните температури. Во деновите од викендот повторно ќе има услови за повремени локални врнежи од дожд и ретки грмежи, а дневните температури ќе бидат во опаѓање.