Забава
Кавадарци му посака топло добредојде на Пјер Бишоф

По повеќе од 13 часови поминати на велосипед, во кои ги почувствува сите годишни времиња, но и ненамерно виде многу поголем дел од Македонија, германскиот велосипедист Пјер Бишоф уморен од неочекувано долгата авантура предизвикана од едно грешно свртување, некаде околу 20 часот и 30 минути пристигна во Кавадарци.
Во кругот на компанијата „Кожувчанка“ ДОО, која е партнер на компанијата „Синалко“ од Германија, чиј ексклузивец е и Бишоф, германскиот екстремен спортист беше пречекан од менаџерскиот тим на компанијата, предводен од извршниот директор, Јанинка Чупаркоска, членовите на здружението „Тиквешки точакџии“ и претставници од медиумите.
По прошетка низ производствениот погон во која Бишоф и неговиот тим имаа можност да се запознаат со процесот на производство на производите од брендот Синалко, генералниот спонзор на Бишоф, следуваше и пригодна свеченост на чиј почеток Германецот најпрво се извини за доцнењето и пропуштената програма која ја организираше „Кожувчанка“ ДОО и тимот на www.vinotika.mk, и во знак на извинување најави дека ќе биде дел од денешната велосипедската парада која ја организираше сојузот за училиштен спорт на град Кавадарци. Во продолжение претставниците од компанијата „Кожувчанка“ му подарија брендирани подароци, а брендирана велосипедска опрема со името на Бишоф беше врачена и од членовите на здружението „Тиквешки точакџии“, кои му упатија и јавна покана за учество на годинашното издание на манифестацијата Алшар – Допри го сонцето.
На Бишоф му беа презентирани и неколку фотографии и инсерти од организираниот пречек и велосипедска парада во негова чест, која и покрај големото невреме, беше спроведена во целост. Како што и беше најавено, „Тиквешките точакџии“, заедно со менаџерскиот тим на „Кожувчанка“ ДОО од кругот на компанијата се упатија кон црквата „Света Петка“, од каде што со останатите членови на здружението и вљубеници во велосипедизмот продолжија на градскиот плоштад. На платото пред општината свое шоу имаше диџеј Були, пред присутните се обратија Митко Јовановски, маркетинг-менаџер во компанијата „Кожувчанка„ ДОО, Милан Колев од Сојузот за училиштен спорт на општина Кавадарци, Живко Гурев, претседател на здружението „Тиквешки точакџии„, а низ целиот настан присутните ги водеше и за ликот и делото на Бишоф зборуваше Душко Стефанов.
Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, на 23 мај со над 850 велосипедисти возеше низ улиците на Кавадарци, популаризирајќи го велосипедот меѓу младите и граѓаните. Пјер Бишоф, кој во име на „Синалко“ вози низ цела Европа, се придружи на манифестацијата која успешнио ја организирира Сојузот за училиштен спорт предвидена од наставникот по физичко воспитување Милан Колев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Ако не сте љубител на радикални диети и тренинзи, пробајте го овој зелен пијалок

Состојките се многу евтини, а подготовката трае само 5 минути.
Ако не сте љубител на радикални диети и тренинзи, сè што треба да направите е да промените една навика, вашата утринска, за да го забрзате метаболизмот и да ослабете. Тоа е пијалок направен од само 2 состојки – магдонос и лимон.
Оваа течност ќе му помогне на вашето тело да се ослободи од вишокот вода, да ја елиминира надуеноста, да ги разгради масните клетки, да го стимулира мочниот меур да работи подобро и да ги исфрли токсините од вашето тело.
Состојки:
– 1 лимон
– 60 г магдонос
– 60 мл вода
Подготовка:
Исцедете го сокот од лимонот и исечкајте го магдоносот. Ставете ги во чаша и прелијте ги со вода.
Примена: Секогаш пијте го овој напиток на празен стомак. Консумирајте по една чаша дневно 6 дена, потоа направете пауза од 10 дена, а потоа можете да почнете одново.
Ќе забележите резултати по само еден месец.
Забава
(Фото) Лавица на теренот, супермодел надвор од него

Арина Сабаленка ужива во летниот одмор во Грција, од каде објави фотографија во бикини и за многу кратко време успеа да стане главна тема.
Тенисерката број еден во светот, Арина Сабаленка, нижи успеси на теренот, па по финалето на Ролан Гарос одлучи дека е време за пауза.
Таа повторно ја избра Грција како своја летна дестинација, поточно прекрасниот Миконос, а друштво и прави нејзиниот партнер, Јоргос Франгулис, успешен бизнисмен кој претходно живеел во Бразил.
Како што еднаш откри, Грците ја освоиле со својата топлина, гостопримство и одлична клима, па затоа нема намера да го промени местото за одмор.
Во серија фотографии од нејзиниот одмор, онаа во бикини привлече најголемо внимание, а луѓето ѝ рекоа во коментарите дека изгледа подобро од кога било и дека треба почесто да објавува такви фотографии.
Забава
(Фото) Кралицата Летиција го носи најубавиот летен фустан

Кралицата Летиција од Шпанија е вистински синоним за совршена елеганција. Без разлика кое годишно време е, таа знае како да доминира.
Неодамна таа воодушеви со својот избор на пролетна облека, а сега можеме со сигурност да кажеме дека има и совршена летна облека за сите пригоди.
Летиција блескаше во миди бел фустан без ракави со висока јака. Материјалот беше особено впечатлив поради својата текстура, а кралицата додаде црн ремен за да ја истакне нејзината зачудувачка фигура.
Едноставни црни чевли со отворена потпетица беа нејзин избор овој пат и повторно Летиција не направи ни најмала грешка.
Таа додаде пар висечки обетки и многу лесна шминка, истакнувајќи ја својата природна убавина.