Македонија
Коѕијас: Со Димитров ја завршивме својата работа, на потег се премиерите
Грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕијас, изјави дека во врска со преговорите за името министрите за надворешни работи на Македонија и на Грција ја завршиле својата работа и дека сега на потег се премиерите на двете земји.
„Можно е денеска или утре преговорите да продолжат во врска со техничките и правните прашања кои мора да се разјаснат“, изјави Коѕијас по состанокот со министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ во Брисел.
Тој додал дека кога ќе бидат решени техничките и правните прашања, тогаш останува на двајцата премиери да го постигнат конечното решение.
Шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров, кој исто така учествуваше на состанокот во Брисел, за агенцијата АНА-МПА рече дека преговорите се во крајна фаза и дека очекува решение до ЕУ самитот на 28 јуни. Тој додаде дека консултациите продолжуваат на техничко ниво со правни експерти од двете земји.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Изминатите четири дена уапсени 11 лица за безобзирно управување на возило, 1518 сообраќајни прекршоци
Во периодот од 10 до 13 ноември, како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 1518 издадени платни налози, 498 прекршоци се однесува на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење, извести МВР.
„Лишени од слобода за безобзирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик биле 11 лица, од кои осум за возење под дејство на алкохол, тројца за возење со брзина поголема од дозволената во населено место.
Понатаму, според статистичкиот преглед од полициските активности, во текот на изминатиот викенд евидентирани се 942 прекршоци за неправилно паркирање, 290 мерки се изречени за возачи што управувале возило без возачка дозвола, како и 48 санкции за возење под дејство на алкохол.
Од друга страна пак, согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата санкционирани биле 161 учесник во сообраќајот кои што не користеле сигурносен појас. Согласно Законот за возила, 64 возила биле отстранети од сообраќај заради тоа што биле нерегистрирани, а пет заради техничка неисправност“, соопшти МВР.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредниот период.
Македонија
Утре без вода Гинекологија Чаир и улиците Дижонска и Коста Абрашевиќ
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека утре ( сабота ) поради уличен дефект на ул. Дижонска бр. 17, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од улиците Дижонска и Коста Абрашевиќ, како и објектот на гинекологија Чаир. ( општина Чаир
Македонија
„Скандалот со ИПАРД води до врвот на власта на Мицкоски“: СДСМ бара проширување на истрагата
„Корупцискиот скандал со ИПАРД фондовите не е изолиран случај, туку доказ за длабоко вкоренет, организиран систем на злоупотреби создаден и поддржан од ВМРО-ДПМНЕ“, велат од СДСМ.
„Веќе е јасно дека истрагата мора да оди многу повисоко од фатениот директор со обележани банкноти. Мора да се проверат и политичките врски, кумските релации и влијанијата кои ја контролирале распределбата на европските пари.
Во целата шема се појавуваат имиња од најблискиот круг на премиерот Мицкоски за кои премиерот одбегнува да одговори.

Илија Стоилев, директорот на Агенцијата и функционер на ВМРО-ДПМНЕ е близок соработник на Игор Миќев, познат како Панкерот, кој е во кумска врска со премиерот Христијан Мицкоски.
Дополнително, неговата сопруга, кумата на Мицкоски, била вработена во Агенцијата, каде, според доставените информации од свиркачи, без нејзин потпис не се пуштала ниту една исплата од ИПАРД.

Ова отвора сериозни прашања за кои Мицкоски мора веднаш да одговори:
Дали под истрага се и неговите кумашини Игор и Цветанка Миќеви?
Каква е неговата поврзаност? Дали се барале провизии и дали дел од тие пари завршувале кај него или во партијата?
Колку пари од субвенции се испумпувале преку мито и злоупотреби?
СДСМ бара итно проширување на истрагата, испитување на сите инволвирани лица, вклучително и политичките поврзаности на највисоко ниво, и целосно расчистување на овој најголем скандал во земјоделството.
СДСМ ќе продолжи да ја разобличува корупцијата и да бара одговорност, затоа што европските пари не смеат да завршуваат во приватни и партиски џебови“, соопшти СДСМ.

