Свет
Израел гради подводен граничен ѕид во близина на Појасот Газа
Додека американскиот претседател, Доналд Трамп, се бори да го убеди Конгресот да го финансира неговиот граничен ѕид на границата со Мексико, Израел гради нов ѕид на границата со Појасот Газа – под вода, пренесува „Џерусалем пост“. Новиот ѕид ќе биде првата морска бариера од ваков вид во светот.
Министерството за одбрана веќе почна со изградба на подводна бариера, која ќе се протега од јужната израелска заедница Зиким во Медитеранот за да ја спречи инфилтрацијата на Хамас по морски пат, и се очекува изградбата да заврши до крајот на годината.
Бариерата е составена од три слоја, вклучувајќи едно под нивото на морето, слој од камења и третиот слој e со бодликава жица. Покрај тоа, околу насипот ќе има и ограда како крајна мерка на безбедност. Должината и длабочината на бариерата не се обелоденети.
„Ова е единствената бариера од ваков вид во светот и ефикасно ќе ја блокира можноста за инфилтрирање во Израел преку морето. Ова дополнително ќе го засили губењето на стратешките способности на Хамас”, рече израелскиот министер за одбрана, Авигдор Либерман.
Одлуката за изградба на поморска бариера беше донесена откако пет амфибиски специјалци на Хамас се обидоа да се инфилтрираат во Кибуц Зиким за време на операцијата „Заштитен раб“ во 2014 година. Вооружени со автоматско оружје, фрагментациски гранати и со неколку вида експлозивни направи, тие убиени од израелските безбедносни сили (ИДФ) во комбиниран напад од море, земја и од воздух.
Оттогаш, Израел се подготвува за можни напади од море од страна на Хамас, особено бидејќи ИДФ ја подобри својата способност да ги открива и уништува тунелите на Хамас под оградата што го одделува Појасот Газа од Израел.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Претседателот на Колумбија: Ги раскинуваме дипломатските односи со Израел
Колумбискиот претседател Густаво Петро изјави дека ќе ги прекине дипломатските односи со Израел поради војната во Газа.
Петро претходно силно го критикуваше израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и повика Колумбија да се приклучи на тужбата за геноцид на Јужна Африка против Израел пред Меѓународниот суд на правдата.
„Овде пред вас, владата на промени, претседателот на републиката, најавува дека утре ќе ги прекине дипломатските односи со државата Израел, затоа што има влада, затоа што има претседател геноциден“, рече Петро на собир по повод Меѓународниот ден на трудот.
Светот не може да биде слеп пред настаните во Газа, додаде тој.
Во шестмесечната воена операција на Тел Авив загинаа 34.488 Палестинци, а ранети се 77.643, според здравствените власти во Газа. Војната ги расели повеќето од 2,3 милиони жители на Појасот Газа и го уништи најголемиот дел од крајбрежната енклава.
Најавата на Петро за прекин на дипломатските односи со Израел доаѓа во екот на се почестите шпекулации дека Израел наскоро ќе го нападне градот Рафах во јужниот дел на Газа, каде што се засолниле повеќе од милион Палестинци раселени од своите домови.
Регион
Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција
Два земјотреси, во растојание од една минута – во 19.19 и 19.20 часот – вечерва се регистрирани на територијата на Албанија.
Земјотресите се со интензитет од 2,1 степен според Рихеровата скала.
Епицентарот на првиот земјотрес бил на седум километри од Елбасан, додека вториот на 62 километри од Тирана.
Според информациите на ЕМСЦ, неколку минути претходно, земјотрес од 2,5 степени имало и во јужниот дел од Грција, а уште два од 2 и 2,3 степени се регистрирани предмалку на Крит.
Претходно денес, Хрватска ја погоди силен земјотрес од 4,7 степени, а беше почувствуван и во Босна и Херцеговина. По овој потрес, следеа неколку помали.
Свет
Хамас: Одговор за предлогот за примирје и ослободување на заложниците веројатно утре
Водачите на Хамас вечерва рекоа дека го проучуваат предлогот за примирје и ослободување на заложниците што им го претставија египетските посредници и велат дека се надеваат оти ќе го испратат својот одговор до утре, се вели во соопштението на палестинската милитантна група испратена до „Асошиејтед прес“.
Тековната рунда разговори за примирје меѓу Израел и Хамас изгледаат сериозни, но страните се во несогласување за едно клучно прашање – дали војната треба да заврши како дел од договорот, објави „Тајмс оф Израел“.
„Многу веројатно утре, односно четврток, ако даде Господ, посредниците ќе добијат одговор“, соопшти Хамас.
Преговорите меѓу Хамас и Израел, преку посредници како САД, Катар и Египет, траат со недели, а по Париз се водат нови рунди разговори во Каиро.