Црна хроника
Изминатите четири дена во Скопје имало над 30 сообраќајки и 24 повредени

Во текот на изминатите четири дена на подрачјето на Скопје се случиле 31 сообраќајни незгоди од кои седум со тешки телесни повреди, 12 со телесни повреди и 12 со материјална штета. При сообраќајните незгоди седум лица се здобиле со тешки телесни повреди и 17 со лесни телесни повреди.
502 возачи се санкционирани бидејќи се движеле со поголема брзина од дозволената. Исто така, исклучени се и 98 возачи бидејќи го управувале возилото под дејство на алкохол. 56 возила се исклучени од сообраќај бидејќи биле нерегистрирани. 17 возачи се санкционирани бидејќи поминале крстосница на црвено светло, тројца неправилно се престроиле, еден неправилно престигнувал, еден не дал првенство на минување на пешаци и тројца не дале првенство на минување на возила.
Во однос на пешаците санкционирани се двајца пешаци кои поминале коловоз на црвено светло. Во текот на изминатите денови издадени се 144 мандатни платни налози, додека исто така 26 возила се подигнати со „пајак”.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Штитеници во установа за згрижување деца имале сексуален однос пред 12-годишно дете

Вчера во 16:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека во август 2025 година во соба во установа за згрижување на деца, 16-годишен штитеник и 15-годишна штитеничка на установата имале сексуален односи.
Според информациите од МВР, тие имале односи пред 12-годишен штитеник на установата, по што 16-годишникот му се заканил на 12-годишникот да не кажува никому.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Ограбен автомобил на паркинг во Центар

Синоќа во 00:32 часот во СВР Скопје е пријавено дека е ограбен автомобил на паркинг простор на подрачјето на Центар во Скопје.
Според информациите на МВР, од патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице, одземена е актовка со пари, документи, печати и други предмети.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото: илустрација
Црна хроника
Инцидент во Карпош: Му ги дупнала гумите на возилото на партнерот, а потоа и физички го нападнала

Маж од тетовско пријавил во полиција дека неговата партнерка му ги дупнала гумите на возилото, а потоа и физички го нападнала.
Доцна синоќа, во 03:20 часот во СВР Скопје, 44-годишен маж од тетовско пријави дека претходно околу 19:00 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, неговата партнерка со нејзиното возило удрила во неговото возило, а потоа со остар предмет му ги оштетила гумите на возилото и физички го нападнала.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.