Македонија
(Видео) Шумската и затворската полиција протестираат пред Министерството за правда

Шумската и затворската полиција заедно со Независниот полициски синдикат протестираат пред Министерството за правда за потпишување на колективен договор. Бараат подобри услови преку колективните договори за вработените и најавуваат дека ќе протестираат се додека не се исполнат нивните барања за повисоки плати, униформи, возила…
Претставници на Независниот полициски синдикат моментално се на разговори во Министерството за правда, каде се преговара за потпишување колективен договор за затворската полиција. Тие претходно беа на разговори во Министерството за земјоделство, каде што бараа договор за шумската полиција.
Улицата кај „Рекорд“ во центарот на Скопје е блокирана од 13 часот, кога започна протестот.
Вработените во шумската и затворската полиција за „Макфакс“и „А1он“ велат дека си ги бараат назад правата кои им се скратени и бараат подобрување на условите за работа.
Никола Гагоски, претседател на Независниот синдикат на шумската полиција и администрација, вели дека претходно биле во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, каде побарале побрзо завршување на процесот за потпишување на колективниот договор, кој требал да биде потпишан на 25 мај, но дошло до негово одложување.
На средбата им било кажано да состават работна група со полицискиот синдикат и со Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ) и прецизно да ги утврдат барањата. Не знаат кога конечно ќе биде потпишан договорот, кој го бараат веќе 25 години.
Виктор Јованов
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Пронајдени двете девојки од Португалија кои се изгубија во реонот на Водно – Матка

Денес околу 17.00 часот од страна на Центарот за управување со кризи бевме известени за две изгубени туристки во реонот од врвот на Водно кон Матка, извести директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.
Како што информираше Ангелов, Дирекцијата за заштита и спасување итно извршила мобилизација на тимот за спасување на планина од Тетово и истиот веднаш бил упатен во пребарување на теренот.
Во 18.40 двете девојки од Португалија беа пронајдени и однесени до ресторанот Матка каде ги пречека Конзулот на Република Португалија, додава Ангелов.
Македонија
Дел од Ѓорче Петров утре без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека утре без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од улиците Веле Марков, Ибе Паликуќа, Воин Драшковиќ, Рафаел Батино. (општина Ѓорче Петров)
Македонија
Меџити прими жители од Страчинце: Анализите на експертите јасно покажаа дека отворањето на каменоломот ќе има сериозни последици врз животната средина

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денес ги прими во својот кабинет жителите од селото Страчинце, со кои одржа отворен состанок за одлуката за одбивање на барањето за отворање на каменолом во оваа скопско село.
Министерот Меџити ги информираше жителите за професионалните и институционалните причини што доведоа до оваа одлука. Анализите на експертите јасно покажаа дека отворањето на каменоломот ќе има сериозни последици врз животната средина, ризик од поплави и негативно влијание врз јавното здравје, велат од Министерството.
На состанокот беше истакнато дека приоритет е заштитата на животот и благосостојбата на граѓаните над секој економски интерес.
Меџити истакна дека следниот чекор е конечно поништување на концесијата во Влада, со што ова прашање ќе добие трајно решение.
Жителите на Страчинце се заблагодарија за одлуката и за приемот што го оствари министерот Меџити, нагласувајќи дека овој состанок е пример за владеење со отворен дијалог и чесна соработка со граѓаните.