Црна хроника
Обвинение за седуммина кои направиле лабораторија за дрога во Тетово

Поднесен е обвинителен акт против седум лица во предметот за најголемата лабораторија за производство на синтетички дроги во Југоисточна Европа. Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција до Основниот суд Скопје 1 Скопје информира дека е поднесен обвинителен акт против двајца државјани на Република Србија и петмина македонски државјани поради неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори.
Еден од обвинетите се гони за недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи. Случајот е резултат на неколкумесечната истражна постапка и меѓународната правна соработка на македонското и српското обвинителство. Поради постоење опасност од бегство, надлежниот обвинител со oбвинителниот акт предложи и продолжување на мерка притвор за сите обвинети.
Во текот на 2017 година обвинетите како меѓународна организирана криминална група во двете држави неовластено купувале, држеле, пренесувале и посредувале во продажба и купување психотропни супстанции и прекурзори. Тие набавувале и опрема и материјали за кои знаеле дека се наменети за производство на амфетамин стимуланс на централниот нервен систем (ЦНС) класифициран во Националната листа во Листа II на забранети опојни дроги и психотропни супстанции. За таа цел, во повеќе наврати остварувале меѓусебни контакти и средби во Србија и во земјава.
Дел од набавените супстанции и прекурзори ги сместиле во објект во село Батинци, а дел во објект во Тетово каде инсталирале функционално техничко-технолошка целина. Во објектот во Тетово тие почнале да ги преработуваат супстанциите и прекурзори теи производство на психотропна супстанца – амфетамин.
При претрес на двете локации, од страна на полициски службеници се пронајдени и одземени различни машини и опрема, како и 67 најлонски кесички со вкупно 204 696 таблетки што содржат амфетамин, со вкупна нето-маса од 35,044 килограми, 910.415,5 таблетки различно спакувани со лого каптагон што содржат амфетамин, со вкупна нето маса од 155,864 килограми, психотропна супстанца амфeтaмин со нето маса од 52,263 килограми и поголемо количество супстанции што претставуваат меѓупродукти и продукти од споредни реакции во процес на добивање амфетамин, како и прекурзори класифицирани во Националната листа во I и III категорија на прекурзори. При претрес на дом на еден од обвинетите е откриено оружје кое обвинетиот неовластено го поседувал и тоа еден полуавтоматски пиштол crvena zastava M57 без рамка, две празни рамки за пиштол М57 и 85 куршуми со калибар 7,62х25mm.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
МВР: Лишени од слобода две лица во Струга, на градската депонија предизвикале пожар

Две лица се лишени од слобода во Струга откако биле затекнати при палење отпад и предизвикување пожар на градската депонија, информира Министерството за внатрешни работи.
„На 02.08.2025 во 20:30 часот, на градската депонија во Струга, полициски службеници од ОВР Струга ги лишија од слобода Ф.Н.(61) од Струга и Е.В.(38) од Прилеп, кои претходно, од страна на вработени во Територијалната противпожарна единица Струга биле затекнати на депонијата како горат душеци и топат бакарни жици, при што предизвикале пожар. Против нив, по документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни пријави“, стои во известувањето од МВР.
Црна хроника
МВР: Претреси во Кавадарци и Неготино, пронајдена дрога, лишени од слобода две лица

Полицијата изврши претреси во Неготино и Кавадарци.
„На 02.08.2025 во 17:20 часот, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода З.И.(24) од Неготино. По издадена судска наредба, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес и ОВР Неготино, извршија претрес во неговиот дом, при што се пронајдени и одземени 2 000 евра, мобилен телефон и зелена растителна материја. З.И. е задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 02.08.2025 во 18:35 часот, полициски службеници за недозволена трговија со дрога од ОВР Кавадарци го лишија од слобода Ј.А.(31) од Кавадарци. По претходно издадена судска наредба, при извршен личен претрес кај него била пронајдена и одземена зелена растителна материја, а при претрес во неговиот дом, биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја, зелена растителна материја, 21 семка и пакување со цветови од зелена растителна материја. Ј.А. бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, стои во соопштението на Министерството за внатрешни работи.
Црна хроника
Запленета поголема количина брендирана стока без документација, лишено од слобода едно лице

Полицијата заплени поголема количина брендирана стока без соодветна документација и приведе едно лице, соопшти Министерството за внатрешни работи.
„На 01.08.2025 околу 20:00 часот на наплатна рампа Романовце, на автопатот Скопје-Куманово од страна на полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при ОГРМ, бил лишен од слобода Д.Ц. (30) од Крива Паланка, затоа што при преглед на возилото „ауди“, кое тој го управувал, пронајдена е поголема количина на брендирана стока, без соодветна документација. По документирање на случајот, против Д.Ц. ќе биде поднесена кривична пријава по чл 285 ст.1 од КЗ“, стои во известувањето од МВР.