Македонија
Димитров ја заврши посетата на Брисел
Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, со неколку активности го заокружи третиот ден од работната посета на Брисел. Тој се сретна со Пиотр Серафин, шеф на Кабинетот на шретседателот на Европскиот совет, Доналд Туск. Министерот, повикувајќи се на потврдениот реформски успех и добрососедската политика, потенцираше дека Република Македонија претставува голема можност за успех во Европа и заслужи почеток на пристапните преговори со ЕУ.

Својата посета на Брисел министерот Димитров ја заокружи со обраќање во бриселскиот тинк-тенк „Европски центар за политики“, на тема The Macedonian name dispute: a test case for Balkan enlargement.
Димитров ги запозна присутните со состојбата во Република Македонија. Тој ја истакна важноста за изнаоѓање решение на спорот со Грција со што, покрај Република Македонија, придобивки би имале и регионот, но и Европа. Во тој контекст, тој истакна: „Преговорите со Грција не се само процес за решавање на разликата што ја имаме туку и процес кој ќе нѐ направи блиски сојузници”.
Димитров се осврна и на внатрешните реформи – она што е до сега направено како и она што треба да се направи, со посебен фокус на реформите во судството и слободата на медиумите. На крајот, министерот Димитров зборуваше и за добрососедските односи, вклучувајќи го и Договорот за пријателство, добрососедство и соработка помеѓу Република Македонија и Република Бугарија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

