Македонија
(Видео) Спасовски: 15 нерасчистени случаи за напад врз новинари, намерно не било постапувано на време
Во периодот од 2013 година до јуни 2017 година до МВР се поднесени вкупно 47 пријави од граѓани или медиуми кои се однесуваат на физички напад врз новинари, загрозување на сигурноста во вид на закани од секаков вид или говор на омраза. Од овие 47 пријави нерасчистени остануваат 15 случаи, информираше денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски по направените анализи во МВР.
Според министерот за внатрешни работи најголем проблем претставува тоа што во одредени предмети пропуштени се дејствија и постапки кои требало да бидат преземени во кратки интервали за да се добијат валидни резултати, а исто така постојат согледувања дека во одредени предмети недостасуваат и докази или одредени елементи кои во рамките на истрагата би допринеле за откривање на сторителите. Најголемиот дел од овие пријави се на подрачјето на Скопје – 29, потоа на подрачјето на секторот за внатрешни работи Охрид-14, 2, поплаки се евидентирани во Струмица и по една во Штип и Битола.
-Во врска со овие случаи министерството поднесе кривични пријави против 5 сторители за основано сомнение дека сториле 5 кривични дела од кои 3 дела насилство и по едно кривично дело затајување и изнуда. Во 5 случаи се поднесени барања за воведување прекршочна постапка, додека пак за 2 од вкупно 47 случаи констатирано е дека нема елементи за прекршок, за 7 случаи е изречена мерка предупредување, а за исто толку случаи доставени се известувања до јавните обвинителсва, додека пак 15 случаи се нерасчистени, вели Спасовски.
За периодот од јуни 2017 година до денеска според МВР, регистирани се 12 напади врз новинари од кои 5 на подрачјето на Охрид, 4 во Скопје, на подрачјето на СВР Велес 2 случаи и еден настан во подрачјето на СВР Штип. Како што вели министерот за внатрешни работи, постапувано е по сите пријавени случаи и поднесени се 2 кривични пријави за 2 лица поради основано сомнение за сторено кривично дело насилство и загрозување на сигурноста. Во 3 случаи поднесени се барања за воведување на прекршочна постапка против 6 лица.
-Неприкосновеноста во професионалното и непречено изршување на новинарските задачи за жал од пред неколку години стана проблем, причините ни се познати на сите, но она што во овој момент е важно и што треба да го имате во предвид е решеноста на МВР таквата наметната општествена појава за која бевме критикувани од мноштво релевантни домашни и странски институции да биде анулирано, истакна Спасовски.
Виктор Јованов
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.

