Македонија
(Видео) Отчет на Заев: Направивме 365 промени за 365 дена
Премиерот Зоран Заев придружуван од министрите во Владата, денеска одржа прес-конференција на која реферираше за сработеното, една година по доаѓањето на власт. „365 промени за 365 дена“ е називот и на публикацијата објавена страната на Влaдата во која, според Заев, се наведени клучните мерки и промени.
Според него, нема веќе етнички и партиски поделби, а сите промени ги направиле во име на граѓаните со цел Македонија да биде земја на сите граѓани.
-Ја кренавме Македонија како отворена, стабилна, земја на можности на пет столба, секој ден Mакедонија се менува на подобро. Македонија е земја на економски раст и раст на плати. Повеќе пари кај граѓаните. Градиме држава по европски правила, рече Заев.
Според премиерот, 90 000 граѓани земаат повисоки плати, а приоритет за 2018 година е економска стабилизација.
Тој рече дека Македонија чекори кон Европската Унија и НАТО, а се решаваат и спорови, но се зајакнува и идентитетот.
-Рековме, ќе има референдум. Граѓаните го имаат конечниот глас на референдум. Но, граѓаните чекаат лидерство, а вистински патриоти денеска се тие што обезбедуваат иднина на граѓаните. Сите знаеме дека Македонија по решавање на спорот околу името станува членка на НАТО. Решаваме 25-годишен спор којшто земјата ја влечеше надолу. Тргнавме напред, рече Заев.
Како што посочи Заве во говорот, завршиле политиките од минатото што стимулираa нетрпеливост, реваншизми, партиски и етнички поделби.
-Во таа насока го предложивме Закон за употреба на јазиците, со кој ќе се прошири употребата на службениот јазик што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните, согласно со Уставот и Амандманот V.
Законот им овозможи на граѓаните да комуницираат со државните институции на својот мајчин јазик и со тоа полесно и поефикасно да ги остварат своите уставни права. Воедно, законот целосно ја гарантира и соодветната употреба на македонскиот јазик, но и на другите јазици кои се во службена употреба во одредени единици на локална самоуправа, додаде Заев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ е на раб на исчезнување по изборното цунами, велат од ВМРО-ДПМНЕ и го повикуваат Филипче да си поднесе оставка
ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение оцени дека Социјалдемократскиот сојуз доживеал изборно цунами на локалните избори и дека партијата, под водство на Венко Филипче и под, како што велат, менторство на Зоран Заев, е на праг да биде избришана од политичката сцена во државата.
Според соопштението, СДСМ – партијата кога важела за најголем политички опонент на ВМРО-ДПМНЕ, сега е трета партија на државно ниво, а во рамки на градот Скопје – петта.
„Овој историски дебакл има име и презиме – Венко Филипче, кој поразот го претставува како успех, а под диктат на неговиот ментор Зоран Заев, партијата ја дотурка до раб на исчезнување“, стои во соопштението.
Од ВМРО-ДПМНЕ наведуваат дека Филипче не се дистанцирал од Заев и неговите политики и дека партијата и натаму функционира под негово диригенство.
Во соопштението се наведува дека СДС на локалните избори освоил 126 илјади гласа и околу 230 советнички места, победувајќи во шест општини, при што ги изгубил повеќето градови каде што традиционално доминирал.
ВМРО-ДПМНЕ оценува дека народот ја казнил безидејноста и аздисаноста и оти во партијата нема реформи, туку се прават обиди за спас на Филипче и прикривање на вистинскиот виновник.
Во заклучок, партијата наведува дека е потребна итна оставка на Венко Филипче и целосна промена во врвот на СДС, бидејќи, како што се додава, на Македонија ѝ е потребна вистинска, консолидирана и силна опозиција со кредибилитет.
Македонија
„Влен“: Ја симнавме маската на оние што со години го сметаа албанскиот глас за своја лична сопственост
„Албанците не паднаа во замката на „референдумот“ што ДУИ/НАИ, со Ахмети, Таравари и Села, се обидоа да го продават како некакo политички спас. Таа манипулативна кампања, изградена врз лаги и лажен патриотизам, се урна пред волјата на Албанците кои јасно го кажаа својот збор. Со освоени десет општини, ВЛЕН им го одзеде алибито и им ја симна маската на оние што со години го сметаа албанскиот глас за своја лична сопственост“, велат од „Влен“.
„Сега бараат виновници на сите страни, само не кај себе. А како врв на апсурдот се обидуваат Блерим Беџети да го прикажат како симбол на „промената“. Тоа е вистинското лице на ДУИ, партија која дури и во пораз не е способна да се соочи со реалноста.
Говорат за „анализа“ и „реформа“, но ДУИ не може да се реформира, затоа што никогаш не ја разбра суштината на тој збор. За нив, власта никогаш не била средство за служба на народот, туку кислород за преживување. А сега, кога власта им се излизга од рацете, тонат во паника и самозалажување.
Додека тие тонеат во сопствената криза, ВЛЕН оди напред со довербата на граѓаните, со чисти раце и со политика што му служи на народот, а не на лични интереси“, се додава во соопштението на „Влен“.
Македонија
Пронајдено безживотно тело на млада жена во Тетово, Обвинителството изврши увид
Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово вчера изврши увид на лице место на локацијата каде беше пронајдено безживотно тело на млада жена, како и во изнајмениот стан во кој таа престојувала.
„Се преземаат сите дејствија за испитување на причините за смртта со детални проверки и вештачења на местото, иако првичните сознанија и траги на лице место не упатуваат дека смртта е резултат на кривично дело.
Сепак, наредена е обдукција, ќе се вршат распити на повеќе лица, а обвинителството и сите истражни органи интензивно постапуваат за испитување на причините“, соопшти Обвинителството.

