Македонија
Најмалото предвреме родено бебе на скопска гинекологија се избори за живот
Малото, но силно ноженце на предвремно роденото бебе ја доби животната битка. Родено со само 700-тини грама во средината на петтиот месец од бременоста на неговата мајка, ова бебе сега има 2 килограма, и тоа силно и храбро ги помина сите премрежја заедно со сестрите и докторите од интензивната нега на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје.
Тримесечното бебе во историјата на предвремно родените бебиња ќе биде запишано како првото преживеано новороденче, дојдено на свет во 23. недела, раскажа педијатар Лилјана Којиќ од Клиниката за гинекологија – Скопје.
Од почетокот на оваа недела момчето не е повеќе во инкубатор, дише самостојно, редовно се храни, а веќе е научен на прегратки. На клиниката е 100 дена. Името ќе го добие дома, а тука го нарекуваат „миленикот“. Миленикот на скопска гинекологија за неколку дена ќе ја напушти болницата. За тимот на оваа клиника најголема среќа е да дојде нивниот миленик да ги посети, но како гостин.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Скопје – Штип
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Штип е нормализиран, информира АМСМ.
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Штип утрово беше во целосен прекин, поради опожарено тешко моторно возило, четири километри пред патарината „Преод“.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без струја делови од Центар и Аеродром
Без струја денеска ќе останат дел од корисниците од општините Центар и Аеродром.
„Од ЕВН Македонија АД добивме известување дека на ден 14.01.2026 година ( среда ) без електрична енергија ќе останат: – во периодот од 09.00 до 11.00 часот, корисниците од ул. Наум Наумовски Борче бр. 65 и околните стамбени објекти околу него. (општина Центар). Во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од дел од ул.Ѓорѓи Андеевиќ Кун во близина на училиштето Димитар Македонски (општина Аеродром)“, информира РЦУК – Скопје.
Македонија
Сообраќајот на патот Скопје – Штип е во целосен прекин поради запалено товарно возило
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Штип е во целосен прекин, поради опожарено тешко моторно возило, четири километри пред патарината „Преод“, информира АМСМ.