Црна хроника
Ја нападнал и ѝ го скинал златното синџирче од врат, па го продал во златарница

Кривична пријава против дваесет и двегодишен скопјанец поради постоење основи на сомнение дека извршил кривично дело „тешка кражба на дрзок начин“. Тој на 7 мај на автобуската постојка на улицата Александар Урдаревски во населбата Бутел забележал жена која чекала автобус и во еден момент од зад грб ѝ се приближил и со употреба на физичка сила насилно ѝ го скинал златното синџирче кое го носела околу вратот.
Тој со трчање се дал во бегство во правец кон улицата Хо Ши Мин. По извршеното кривично дело, пријавениот украденото златно синџирче, за сума од 120 евра, го продал во златарница лоцирана во Стара скопска чаршија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Тешко повреден работник додека демонтирал скеле во Драчево

Педесет и двегодишен работник од Скопје бил со тешки повреди донесен вчера на Комплексот клиники.
Тој се здобил со повреди при демонтирање на скеле на улицата Партизански пат во Драчево, Скопје.
Се работи на расчистување на случајот.
Црна хроника
Ужас наместо одмор: скопјанка нападната од партнерот во Грција

Триесет и четиригодишна жена од Скопје во МВР пријавила дека била нападната од страна на партнерот Д. Т. (36).
Нападот, според пријавеното, се случил вчера во апартман во Република Грција.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Велешанец со четирицикл излета од патoт кај Чашка, тешко повреден

Четирицикл управуван од Д.Н.(40) од Велес, излетал надвор од коловозот на регионалниот пат село Извор,општина Чашка
Во несреќата велешанецот се здобил со тешки телесни повреди, а со телесни повреди се здобила неговата сопатничка Ј.Н.(37) од Велес констатирани во Општата болница Велес.
Извршен бил увид.