Свет
Лавров се сретна со Ким Jонг Ун во Пјонгјанг, му подари „кутија за тајни“

Севернокорејскиот претседател Ким Џонг Ун го прими денес во својата резиденција во Пјонгјанг шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, кој е во посета на севернокорејската престолнина за разговори чија цел е поддршка на дијалогот меѓу двете Кореи и за деескалацијата на Корејскиот Поуостров, пренесува „Раша тудеј“.
Лавров внесе малку неизвесност во средбата со Ким кога му подари кутија,оставајќи ги присутните да се прашуваат што има во неа.
„Тука можеш да ги заклучиш тајните,“ рускиот дипломат рече со насмевка давајќи му го на Ким клучот за кутијата.
Лавров е првиот претставник на Русија кој се сретнува со севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун, пренесуваат руските медиуми.
„Дури и ако одделни Руси од администрацијата се виделе со Ким Јонг Ун, Лавров е првиот државник кој официјално се сретнува со Ким“, изјави еден од членовите на руската делегација.
Лавров и Ким ветија дека ќе направат сѐ што можат за да продолжат мировните преговори за „одврзување“ на корејскиот јазол. Следната средба би можела да биде во Москва, а Лавров го покани Ким Јонг Ун да ја посети Русија.
„Би биле среќни доколку дојдете да нѐ посетите“, кажа Лавров, а Ким за возврат испрати поздрав до рускиот претседател Владимир Путин.
За време на својата посета Лавров се сретна и со својот севернокорејски колега Ри Јонг Хо. Шефот на руската дипломатија предупреди дека конечната цела за денуклеаризација на Корејскиот Полуостров не може да се постигне сѐ додека санкциите против Пјонгјанг се на сила.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Иранскиот министер за надворешни работи на средба со лидерите на ЕУ

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, денес потврди дека утре ќе се сретне со своите колеги од Велика Британија, Франција и Германија и со министерот за надворешни работи на ЕУ во Женева, објавија денес иранските државни медиуми.
Тој рече дека состанокот е свикан на барање на три европски земји, Франција, Германија и Велика Британија.
„Утре ќе се сретнеме со европската делегација во Женева“, рече министерот, според соопштението што го пренесе иранската новинска агенција ИРНА.
Средбата ја објави германски дипломатски извор.
Тој вчера изјави дека европските министри прво ќе се сретнат со шефот на европската дипломатија, Каја Калас, во германското постојано претставништво во Женева, по што ќе одржат заеднички состанок со својот ирански колега.
Целта на состанокот, кој се одржува во координација со САД, е да ја убеди иранската страна цврсто да гарантира дека ќе ја користи својата нуклеарна програма исклучиво за цивилни цели, додаде изворот.
Свет
(Видео) Иранска балистичка ракета погоди облакодер во центарот на Тел Авив

Иранска балистичка ракета ја погоди основата на облакодер на улицата Јаботински во Рамат Ган, недалеку од центарот на Тел Авив и на околу 200 метри од центарот за дијаманти во градот.
Според изјавите на мештаните, експлозијата целосно ја уништила пицеријата, а значителна штета претрпеле и постарите станбени згради во околината.
Eastern Tel Aviv suburd of Ramat Gan hit in this mornings Iranian missile barrage causing extensive damage.
This district is home to the Israel Diamond Exchange—the world’s largest diamond trading complex. pic.twitter.com/9akUDKGxC4
— Yama Wolasmal (@YamaWolasmal) June 19, 2025
„Експлозијата ги искрши прозорците низ целата населба“, изјавија очевидци.
Нема извештаи за жртви. По шест дена војна, многу жители веќе се навикнати да трчаат во засолништа веднаш штом ќе почнат сирените.
„Како атомска бомба. Како земјотрес“, изјави за Гардијан Ашер Адив (69), жител на блиската зграда. Неговата мајка била Еврејка од Исфахан, Иран, а Адив пораснал зборувајќи персиски. Тој има силно мислење за тоа што треба да се случи.
„Иранците треба да направат револуција и да го отстранат ајатолахот“, рече Адив.
„Ние не се бориме само за Израел. Ние се бориме за целиот свет. Бараме од Трамп да се вклучи и да го реши проблемот“, рече тој.
Американскиот претседател, кој сега ги разгледува своите воени опции, беше првата тема која ја спомнаа речиси сите собрани на полициската лента, каде што ги гледаа спасувачите меѓу урнатините и скршеното стакло.
Сопругата на Ашер, Ени, имигрантка од Мароко, која пристигнала во Израел во 1969 година, верува дека Израел ќе победи и без помош на САД. „Кажете му на Доналд Трамп да застане со нас. Тој мора да ги бомбардира и да ги уништи нуклеарните капацитети“, рече Ани.
„Ние сме невини цивили, но тие постојано ни се закануваат и велат дека сакаат да не убијат. Немавме избор. Видовме што се случи на 7 октомври“, додаде таа.
„Нашиот народ е силен и издржлив. Ќе продолжиме да се бориме и ќе ставиме крај на иранските нуклеарни постројки – или тие ќе ни стават крај нас“, рече таа.
Свет
Иран: Агенцијата на ОН е партнер во израелската агресија

Иран ја обвини МААЕ, тело за нуклеарна енергија на Обединетите нации, дека дејствува како „партнер“ во, како што ја нарече израелската агресивна војна.
Меѓународната агенција за атомска енергија, во извештајот објавен пред почетокот на иранско-израелската војна, изрази жалење поради несоработката на Техеран во следењето на почитувањето на неговите обврски во однос на нуклеарната програма.
„Го изневеривте режимот за неширење на нуклеарното оружје; ја направивте МААЕ партнер во оваа неправедна агресивна војна“, напиша портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи Есмаил Бакаи во пораката до шефот на агенцијата на ОН, Рафаел Гроси.
Во извештајот што го виде АФП кон крајот на мај, МААЕ забележа дека „Иран постојано или не одговорил или не дал технички веродостојни одговори на прашањата на агенцијата и ги „исчистил“ областите, попречувајќи ги активностите за верификација на агенцијата на три непријавени локации.
На 12 јуни, бордот на директори на агенцијата усвои резолуција со која се осудува Иран за „непочитување“ на неговите нуклеарни обврски, која ја подготвија Лондон, Париз и Берлин во соработка со Вашингтон.
Пред гласањето на телото, Иран се закани дека ќе ја намали соработката со МААЕ доколку резолуцијата биде усвоена.
Израелската војска во четвртокот извести дека во текот на ноќта Израел извршил воздушен напад врз иранскиот реактор за тешка вода во областа Арак и го погодил објектот Натанц, за кој тврди дека се користи за развој на нуклеарно оружје, објави израелската војска.