Свет
Шпанија ќе предизвика криза во еврозоната, Рахој пред импичмент

Шпанија очајно се обидува да спречи криза во еврозоната откако премиерот Маријано Рахој нагласи дека нема да поднесе оставка пред гласањето недоверба во мадридскиот парламент в петок, пренесува британски „Дејли експрес“.
Пратеник од опозицијата го праша Рахој дали ќе се повлече пред гласањето поради кое Европската Унија е на штрек, но тој потврди дека има намера до крај да го истера мандатот што му го дале Шпанците и со кој ќе остане на власт до 2020 година.
Во обид да ја потврди својата позиција на врвот на шпанската политика, премиерот рече дека неговата партија освоила над 50 места повеќе на последните избори во јуни во 2016 година, од втората најпопуларна партија, шпанската Социјалистичка работничка партија. Но во Шпанија, се засилуваат контроверзиите околу владата на Рахој, кој е вмешан во корупциски скандал и кој ѝ го наруши имиџот на неговата конзервативна Народна партија. Социјалистите поднесоа барање за гласање недоверба против Рахој минатата недела.
Лидерите на најголемите опозициски партии го повикаа Рахој да се повлече од функцијата поради корупцискиот скандал. Шпанскиот национален суд минатата недела објави дека открил систем на мито што им било дадено на поранешните функционери или пратеници на Народната партија во замена за договори во периодот од 1999 и 2005 година . Судот осуди 29 лица на вкупна казна затвор од 351 година за корупција, перење пари и за злоупотребаа.
За иницијативата за гласање недоверба на шпанскиот премиер да помине, ќе биде потребно апсолутно мнозинство од 176 пратеници. Рахој веќе ја отфрли идејата за предвремени избори иако тројца од четворицата лидери на најголемите партии во земјата рекоа дека предвремени избори се потребни.
Педро Санчез, лидерот на Социјалистичката партија во Шпанија, изјави дека корупцискиот скандал го деградирал имиџот на Мадрид пред Европската Унија. Кризата во Шпанија е уште една главоболка за огорчениот европски блок во време кога Италија се обидува да оформи евроскептична влада која на крајот би можела да ја извади Италија од ЕУ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Литванија: Путин нема да запре освен ако ние не го запреме

Кестутис Будрис, министерот за надворешни работи на Литванија, изрази солидарност со Полска. Будрис повика на зајакнување на воздушната одбрана и рече дека НАТО мора да одговори со капацитети, „не само со загриженост“.
„Реалноста е јасна: сè додека на Путин му е дозволено да ја продолжи својата крвава војна против Украина, ниедна земја – дури ни во рамките на НАТО – не е безбедна. Санкциите мора да удрат во срцето на воената економија на Кремљ. Путин нема да запре освен ако ние не го запреме“, рече тој.
Европа
Оштетен дрон пронајден на 40 км од границата на Полска со Белорусија

Локалната полиција потврди дека оштетен дрон за кој се верува дека учествувал во ноќен напад е откриен во селото Чосновка во источна Полска.
Чосновка се наоѓа на околу 40 км од границата на Полска со Белорусија.
Полската влада ги предупреди сите што ќе го пронајдат соборениот дрон да не му се приближуваат, велејќи дека „таквите предмети можат да останат опасни и мора да бидат проверени од експерти“.
Свет
ЕУ го осуди израелскиот напад врз Катар

Израелските воздушни напади врз лидерите на Хамас во Доха се кршење на меѓународното право и територијалниот интегритет на Катар, соопшти вчера вечер Европската Унија, предупредувајќи на ризиците од понатамошна ескалација на насилството во регионот.
„Изразуваме целосна солидарност со властите и народот на Катар, стратешки партнер на Европската Унија“, изјави портпаролот на шефицата за надворешна политика на ЕУ, Каја Калас, на Икс.
„Секоја ескалација на војната во Газа мора да се избегне – тоа не е во ничиј интерес. Ќе продолжиме да ги поддржуваме сите напори што водат до прекин на огнот во Газа.“
Катар, кој дејствуваше како посредник заедно со Египет во разговорите за посредување за прекин на огнот во речиси двегодишната војна во Газа, го осуди нападот како „кукавички“ и го нарече флагрантно кршење на меѓународното право.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека нападот во Доха бил „целосно оправдан“ и дека бил нареден по нападот во Ерусалим во понеделникот и загинувањето на четворица израелски војници во Газа.
фото: принтскрин