Македонија
Иванов: Целиот процес за името наликува на личен договор меѓу Заев и Ципрас
Претседателот Ѓорге Иванов по денешната средба со министерот за надворешни работи, Никола Димитров, останува на својот став против промена на Уставот и ерга омнес решение за спорот околу името.
Од Кабинетот на претседателот информираат дека министерот Димитров го информирал Иванов за последните случувања поврзани со разговорите за прашањето за разликата околу името, без притоа да приложи каков било писмен документ.
Претседателот Иванов на средбата истакнал дека не придржувајќи се кон законските одредби за склучување меѓународни договори, целиот процес наликува на личен договор меѓу двајцата премиери.
„Целиот процес наликува на личен договор меѓу премиерот Заев и премиерот Ципрас, за што нема обезбедено национален консензус во Република Македонија. Мојот став е дека не прифаќам решение за прашањето за името за севкупна употреба, или ерга омнес“, рекол Иванов. Тој подвлекол дека склучување меѓународен договор треба да биде во согласност со Уставот на Република Македонија, а не да предвидува негова измена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Славески: Арсовска е на потег, приватните превозници бараат зголемување на цена на услуги преку член во Советот на Град Скопје
Предлогот за зголемување на цената за поминат километар на приватните превозници е пуштен на мислење до градоначалничката Данела Арсовска, ова го објави претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески.
„Приватните превозници преку член на Совет на Град Скопје бараат зголемување на цената на нивните услуги.
ПРИВАТИТЕ ПРЕВОЗНИЦИ ПРЕКУ ЧЛЕН НА СОВЕТ НА ГРАД СКОПЈЕ БАРААТ ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЦЕНАТА ЗА НИВНИТЕ УСЛУГИ
– НА ПОТЕГ Е ГРАДОНАЧАЛНИКОТ АРСОВСКА – pic.twitter.com/eDvd8DmyWC
— Trajko Slaveski (@TSlaveski) November 27, 2024
На потег е градоначалникот Арсовска“, обзнани Славески.
Тој според објавеното побарал од Арсовска да одговори дали се согласува со промена на условите во договорот кој има важност до мај следната година, но бара и конкретен птредлог за зголемување на цената со образчожение на кои параметри го темели предлогот.
Македонија
Фетаи- Сарацин: разменети мислења за евроинтеграцијата и приоритетните реформи
Заменик-претседателот на Владата задолжен за политики на добро владеење, Арбен Фетаи, денес се сретна со Специјалниот претставник на Германија за Западен Балкан, Мануел Сарацин. Средбата се одвиваше во отворена и конструктивна атмосфера, при што се разговараше за стратешките приоритети на Владата во контекст на европската интеграција.
Вицепремиерот Фетаи и специјалниот претставник Сарацин разменија мислења за неопходноста од забрзување на процесот на пристапување кон Европската унија, кој останува стратешка цел на Северна Македонија. Во текот на разговорот, Фетаи ја нагласи силната посветеност на Владата кон унапредување на клучните реформи, како што се зајакнување на правната држава, интензивирање на борбата против корупцијата и градење на стабилни и функционални демократски институции.
Посебен акцент беше ставен на зачувувањето и унапредувањето на меѓуетничката хармонија, како и на промоцијата на јазичната разновидност – вредности кои се основа на општествената кохезија и развој на земјата.
Специјалниот претставник Сарацин ја истакна важноста од исполнување на обврските кои произлегуваат од Преговарачката рамка и ги охрабри властите во Северна Македонија да го искористат поволниот момент за започнување на преговорите за членство. Тој нагласи дека во рамки на ЕУ постои широк консензус за потребата од проширување со земјите од Западен Балкан.
Македонија
Град Скопје за градоначалникот Курто Дудуш: Само во Македонија кога функционер е фатен во криминал, организира протести за да го покрие сопствениот срам
Само во Македонија кога функционер е фатен во криминал, организира протести за да го покрие сопствениот срам. За жал, таков е и случајот со градоначалникот на општина Шуто Оризари, Курто Дудуш кој е доволно храбар ем да им наплаќа на сопствените сограѓани противправно „услуга“ за собирање на смет, истиот тој смет да го собира со општински возила и нелегално да го фрла на дива депонија формирана на приватен плац сопственост на Курто Дудуш, реагираат преку соопштение од Град Скопје:
Срамота е додаваат од оваа институција, во 21 век, во 2024 година вакви луѓе да зборуваат и да обвинуваат други за наводен расизам. Во време кога здравата животна средина е императив , да ги труеш своите сограѓани креирајќи диви депонии не е расизам туку екоцид врз сопствениот народ.
Ги повикуваме надлежните органи, МВР и Јавното Обвинителство сериозно да ги разгледаат доказите кои се состојат од видео и фото материјали, записници, документации и изјави, а кои ќе бидат доставени од градот Скопје.
Следниот пат кога Дудуш ќе ги повика жителите на својата општина на протести, нека им објасни што всушност крие и дека градот Скопје нема намера да ги чисти депониите кои тој лично ги прави.