Контакт

Македонија

Скопје и Охрид домаќини на Светскиот вински конгрес

Објавено пред

Здружението на Европското винско витештво – Конзулат за Македонија, е организатор на јубилејниот 50-тиот Меѓународен конгрес на светските вински здруженија (FICB) а прв во Македонија. Конгресот ќе се одржува во Скопје и Тиквешкиот вински регион од денеска и ќе трае до 3 јуни, по што ќе продолжи во Охрид од 4 до 6 јуни.

dobivaj vesti na viber

По свеченото отворање, утре со почеток во 9 часот ќе се одржи свечената академија во просториите на Македонската филхармонија, по што ќе следи свечено дефиле на сите учесници кои ќе се претстават со своите обележја, со почеток во 10.30 часот. Свечената дефиле ќе започне пред платото на Македонската филхармонија и ќе се движи во правец на црквата Св. Богородица во придружба на Градскиот оркестар. Ова ќе биде уникатна прилика граѓаните на Скопје да ја проследат оваа манифестација и да се запознаат со разновидноста и културните елементи на Винските здруженија и редови одблиску.

На конгресот ќе присуствуваат повеќе од 100 учесници од целиот свет, Јапонија, Романија, Австрија, Србија, Словенија, Италија, Франција, Финска, Холандија, Велика Британија и повеќе здруженија од Соединетите Американски Држави.

Одржувањето на Светскиот вински конгрес во Република Македонија претставува голема чест и признание на квалитетот на македонските вина и активноста на Македонскиот вински витешки ред, имајќи предвид дека Светските конгреси се одржуваат на секои две години, а претходните два Конгреса се одржаа во Франција во областа Шампањ (2014) и во САД, Калифорнија во Сонома и Напа долината (2016).

Градовите Скопје и Охрид, како градови домаќини и Тиквешкиот и Скопски вински регион во целост со своите винарии, ќе се претстават на Конгресот преку презентација на своите вина и ено-култура пред бројните реномирани гости, меѓу кои и повеќе меѓународни експерти од областа на енологијата, винската култура и туризмот.

Светскиот вински Конгрес е извонредна можност, покрај нашите вина да се претстават и македонската гастрономија, природните убавини, културното наследство и туристичките капацитети и потенцијали на земјата. Во согласност со концептот на Светскиот вински Конгрес, посебен акцент е ставен на винските региони во Македонија, капацитетот на винариите, квалитетот и асортиманот на македонските вина, како и распространетоста и традицијата на нашите винарии и типичните македонски лозја и видови грозје.

Економија

Побрз живот – побрзи навики, и времето е пари

Објавено пред

Живееме побрзо отколку што се живеело порано. На работа, дома, на улица, на интернет – сè се случува побрзо во споредба со минатото. Ова не е само паушална претпоставка изведена од нашите лични искуства, и науката докажува дека темпото на живот е забрзано. Постојат голем број студии и истражувања според кои модерниот начин на живот е подинамичен за разлика од пред 20 или 30 години. Некои од истражувањата се базираат на социолошки критериуми, додека, пак, други на технолошкиот развој. Едно од најзанимливите истражувања е она на професорот Ричард Вајсмен (Richard Wiseman) кој ја мерел брзината со која се движат пешаците во големите градови. Тој утврдил дека за 16 години, брзината, во просек, се зголемила за 10 отсто, односно луѓето сѐ повеќе брзаат кога се движат по градските тротоари.

dobivaj vesti na viber

Тргнете од сопствената практика и ќе утврдите дека од вас се очекува да направите повеќе работи во текот на денот во споредба со порано. Секојдневието е исполнето со обврски, рокови, мобилни нотификации и постојана трка со времето. Технологијата ни го олесни животот, но, истовремено, создаде нова динамика каде што сите очекуваат брза реакција, за само неколку минути. Во вакви услови, времето стана скапоцен ресурс затоа што, едноставно, имаме чувство дека сè помалку го има. Да, денот трае 1.440 минути, исто колку и пред сто години, но денес многу повеќе се цени можноста да завршите работа или да добиете услуга за неколку минути за да ви остане повеќе време за себе и за вашите најблиски.

Во услови кога изреката „и времето е пари“ станува сè порелевантна, на сите ни е важно да можеме само со неколку клика на мобилниот телефон да извадиме документ, да нарачаме храна, да резервираме одмор, да земеме брзи кредити.

Секако, кога се живее брзо, еден од највредните ресурси е брзиот пристап до пари. Credissimo има систем за одобрување кредити приспособен на брзото темпо на живот и обезбедува пари навреме за сите потреби, предизвици и желби на своите клиенти. Ќе доловиме само неколку ситуации кога е важно да имате брз и сигурен пристап до пари, со поволни услови за враќање.

  • На интернет начекувате LAST MINUTE понуда за некоја атрактивна летна дестинација, но дел од сумата треба да се уплати во наредните 24 часа. Тоа е трошок што не сте го планирале, а би било супер да може да добиете позајмица уште истиот ден.
  • Имате идеја за сопствен бизнис, но ви недостасуваат неколку илјади евра за да започнете со работа. Не сакате да губите време со долги банкарски процедури, бидејќи имате чувство дека треба да почнете веднаш.
  • Ви се расипа автомобилот баш во сезона на летни одмори. Поправката не чини многу, но семејниот буџет е планиран за летување на море.
  • Во некоја од соседните земји концерт најавува вашиот омилен бенд. Ви требаат пари за карти за концертот, за превоз, за сместување, храна и други трошоци. Правите пресметка дека сето тоа чини околу 400 евра, но во моментот немате толку средства на располагање.

Во вакви ситуации, времето е клучен фактор. Традиционалните начини на финансирање бараат долги процедури, документација и чекање. Затоа брзите кредити станаа составен дел од финансиската реалност на многу луѓе. Тоа не е случајно. Тие се приспособени токму на потребите на модерниот човек – брзина, едноставност и достапност.

Аплицирањето за брзи кредити во Credissimo е целосно онлајн, а постапката за одобрување трае само неколку минути, по што парите веднаш се достапни на вашата сметка. Притоа, нивните основни карактеристики се:

  • Достапни 24/7 – идеални кога ви треба брз пристап до пари
  • Транспарентни – со јасно дефинирани услови и трошоци
  • Флексибилни – со можност за избор на износ и рок на отплата според вашите можности

Како дополнителна поволност, сè уште е во тек понудата за тримесечни кредити со 0 % камата, со која враќате точно онолку колку што сте позајмиле, без никакви дополнителни трошоци.

Брзиот начин на живот не мора да значи дека сте принудени да живеете под постојан финансиски притисок. Со внимателно користење на модерните финансиски алатки, како што се брзите кредити, може да имате повеќе контрола врз сопствениот буџет, повеќе слобода во носењето одлуки и можеби, најважно, повеќе мир и слободно време во секојдневието.

(ПР текст)

Прикажи повеќе...

Економија

Мицкоски: Подаваме рака на домашните и на странските инвеститори не само декларативно, туку суштински

Објавено пред

Премиерот Христијан Мицкоски истакна дека Владата води активна и отворена политика кон привлекување инвестиции и градење економски развој базиран на стабилност, доверба и поддршка за стопанството.

dobivaj vesti na viber

На средба со Советот за странски инвестиции, составен од претставници на водечки компании кои веќе имаат присуство во земјава, Мицкоски посочи дека Македонија се наоѓа во нова фаза на економска консолидација и раст.

„Подаваме рака и на домашните и на странските инвеститори. Не само декларативно, туку суштински, низ институционална поддршка, предвидливи правила и директна комуникација. Проблемите ги решаваме заедно,“ изјави премиерот.

Тој истакна дека во првиот квартал од 2025 година, реалниот раст на БДП изнесува 3,2 отсто, а извозот во периодот јануари–мај е зголемен за 3,15 отсто, додека увозот бележи раст од само 1 отсто. Индустриското производство во мај бележи раст од 9,4 отсто во однос на истиот месец лани.

Дополнително, трговскиот дефицит е намален за околу 80 милиони долари во април и мај, што претставува намалување од 13 проценти. Мицкоски потсети и дека минатата година бил постигнат рекорд со странски директни инвестиции во износ од 1,255 милијарди евра.

„Ова е поинаква слика од онаа која ја затекнавме. Некогашната влада не се бореше за инвестиции – се бореше за провизии,“ рече тој, обвинувајќи ги претходниците за економски застој и изгубени можности.

Премиерот најави активни разговори за нови инвестиции во автомобилската индустрија, ИТ секторот, логистиката и агро-преработката, како и можни царински олеснувања за извоз на македонски производи на американскиот пазар.

Прикажи повеќе...

Економија

Здравковски: Ребалансот на буџетот носи повеќе пари за плати, пензии, образование и здравство

Објавено пред

Пратеникот Игор Здравковски од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска изјави дека со почнувањето на амандманската расправа за ребалансот на буџетот, Владата демонстрира зголемена финансиска дисциплина, раст на приходите и пренасочување на средства кон клучни сектори.

dobivaj vesti na viber

„Со ребалансот обезбедуваме 800 милиони повеќе за плати, 2,5 милијарди повеќе за пензии, 300 милиони денари дополнително за капитални инвестиции,“ рече Здравковски.

Тој нагласи дека значителни средства се наменуваат и за младите, образованието и инфраструктурата.

„Во образованието ќе се слеат 2 милијарди денари за изградба и рехабилитација на кампуси, студентски домови и училишта,“ додаде тој, притоа потенцирајќи дека проектот „Купи куќа за млади“ добива „дури 111% повеќе средства“.

Во делот на јавниот транспорт и инфраструктурата, според Здравковски, се предвидуваат дополнителни 307 милиони денари за локални патишта и зголемени средства за железничка инфраструктура. Исто така, за здравствени установи се одвојуваат 237 милиони денари за изградба, реконструкција, модернизација и дигитализација.

Осврнувајќи се на амандманите од опозицијата, Здравковски изјави дека тие се резултат на „безидејност или едноставно, хронично незнаење“, бидејќи предлагале амандмани за проекти кои веќе биле предвидени со ребалансот.

„Опозицијата наместо да ги поддржи овие реформски чекори, тие преку амандмани се обидуваат покажат вештачка грижа за некој поен плус, па меѓу другото, предлагаат измени за локалните предизвици во Кочани, кои се таложеле во нивното седумгодишно владеење. Период кога не мрднале ниту со мал прст за да сменат нешто на подобро,“ рече тој.

На крајот, Здравковски додаде дека Владата, со поддршка од Собранието, веќе подолг период работи на решавање на проблемите на граѓаните, вклучително и во делот на социјалната политика, како што се зголемување на бројот на вработени во градинките и изградба на нови домови за стари лица.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија42 минути

Доцнење на прегледи и на резултати, скопјани со најмногу поплаки за здравството – Алиу ветува дека ќе го слуша гласот на народот

Министерството за здрвство добило 90 пријави од граѓани кои се пожалиле на функционирањето на здравствениот систем. Министерот за здравство Азир...

Македонија59 минути

Токму полициски службеници на Тошковски се фатени за диви приклучоци, проблемот не е водата, туку тие што ја добиваат бадијала и институциите што ги штитат, велат од Град Скопје

ВМРО-ДПМНЕ, кога обвинува за недостиг на вода во град Скопје, заборава да додаде дека токму полициските службеници на Панче Тошковски...

Македонија2 часа

55 ветерници ќе обезбедуваат струја за 100.000 домаќинства – почна изградбата на ветерниот парк кај Штип

Со поставување камен темелник денеска стартуваше изградбата на ветерен парк во близина на Штип, каде „Алканзар енерџи партнерс“, со инвестиција...

Македонија2 часа

Дивоградбите ќе се уриваат ако се утврди дека се проблем за безбедноста на граѓаните, рече Тошковски

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски потврди дека една од општините во која вчера е влезено од страна на Одделот...

Македонија2 часа

Тошковски: Арсовска одбива да соработува, полициските службеници не може да обезбедат изјава

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вели дека градоначалничката Данела Арсовска одбива да соработува со полициските службеници од Одделот за внатрешна...

Топ2 часа

Пренесувале и продавале дрога: осомничените откриени преку скај-комуникација

Врз основа на доказите добиени преку скај-комуникацијата, предметен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција донесе...

Топ3 часа

Полицаец се обидел да внесе дрога во Идризово, приведен е

Приведен е полицаец поради сомнеж дека се обидел да пренесува дрога во Идризово. „При претрес на Х.А.(42) од Скопје, вработен...

Македонија3 часа

Апелација повторно го осуди Васил Јованов на три години и десет месеци за дрогата

Aпелациониот суд повторно го осуди Васил Јованов, кој ја прегази младата Фросина Кулакова, на три години и десет месеци затвор...

Свет5 часа

Трамп: Ракетите за системите „Патриот“ веќе се на пат кон Украина, пристигнуваат од Германија

Ракетите за системот за воздушна одбрана „Патриот“ наменети за Украина веќе се на пат, изјави американскиот претседател Доналд Трамп, објави...

Македонија5 часа

Огласот за прием на 150 нови полициски службеници е во тек

Министерството за внатрешни работи распишува конкурс за прием на 150 униформирани полициски службеници. „Да се биде полицаец е повик а...

Свет6 часа

Трамп: Бонди треба да објави сè што смета за веродостојно за Епштајн

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека државната обвинителка Пам Бонди треба да објави „сè што го смета за веродостојно“ за...

Македонија22 часа

Со потврда од матичен лекар, невработените до четврток можат да се пријават за гаснење пожари за 24.000 денари месечно

Огласот за ангажирање 400 невработени лица за помош при гаснење пожари на Владата е отворен до четврток, потсети денес Стојанче...

Топ24 часа

Кривична против лекар во струшката болница: со истечена лиценца 4 години примал плата и додатоци

42-годишен лекар од Струга, четири години земал плата и додатоци на плата, иако немал валидна лекарска лиценца, извести МВР. „ОВР...

Македонија1 ден

„Анима мунди“: Феликс не беше само куче, беше жртва. Стана симбол, а од денес и преседан

„Првпат во Македонија убиство на животно завршува со затворска казна. Основниот кривичен суд – Скопје го осуди Љубе Крстевски на...

Свет1 ден

Русија: Подготвени сме за преговори, но не прифаќаме ултиматуми

По претходната изјава од Кремљ, рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков изјави дека Москва е подготвена за разговори откога...

Свет1 ден

„Фајненшл тајмс“: Трамп го праша Зеленски дали може да ги нападне Москва и Санкт Петербург

Според „Фајненшл тајмс“, американскиот претседател Доналд Трамп наводно ја повикал Украина да размисли за напад подлабоко на руска територија и...

Македонија1 ден

(Видео) СДСМ до Јаневска: Дали може мирно да спиете знаејќи дека учениците со попреченост на 1 септември нема да го имаат својот образовен асистент до себе

„ВМРО-ДПМНЕ го партизира секој сегмент од општеството, дури и онаму каде што најмалку треба да има политика- во образованието. Ова...

Македонија1 ден

Мицкоски: ГРЕКО потврди, Македонија ја напушта ерата на селективна правда и политичка недопирливост

Работата на Националниот комитет за спречување насилен екстремизам и борба против тероризам има особено значење за стабилноста, безбедноста и отпорноста...

Македонија1 ден

Димитров: ЕУ дозволи она што за нас беше најважно и што го обезбедивме со преспанскиот договор сега да биде нападнато од Бугарија

„Европа мора да биде доследен, конзистентен и принципиелен партнер, партнер што испорачува и исполнува ветувања. Партнер кој е гласен кога...

Македонија1 ден

ДУИ за Коридорот 8: Тие што го саботираа, денес се фалат

Демократската Унија за Интеграција го поздравува ентузијазмот со кој актуелната Влада го промовира реализирањето на стратешките проекти во земјата, како...