Македонија
Мирчески во Чаир: Промените носат повеќе пари

Претседавачот на Централниот oдбор на СДСМ, Пеце Мирчески, вчеравечер се сретна со граѓани, членови и поддржувачи на партијата од oпштина Чаир. На средбата се разговараше за мерките од Планот за живот во Македонија кои се остваруваат, а носат повеќе пари за граѓаните, обезбедуваат нови работни места, повеќе инвестиции и економски раст, а се зборуваше и за процесот на приближување на Македонија кон ЕУ и НАТО.
„Мерките што ги спроведуваме во изминатава година зад нас даваат конкретни и потврдени резултати. Последен пример е приливот на странски инвестиции за првите три месеци од оваа година. Поради успешните економски политики, само во првите три месеци од 2018 година, во Македонија влегле странски инвестиции од 235 милиони евра, што е повеќе отколку во цела 2017 година. Граѓаните остануваат врвен приоритет на за СДСМ. Се обврзавме и работиме во насока да го подобриме секојдневниот живот, да ги намалиме трошоците, а воедно да ги зголемуваме платите со цел до крајот на 2019 година просечната плата да достигне 500 евра. Градиме концепт на едно општество-земја за сите свои граѓани. Годината што измина е година на промени за сите“, рече Мирчески.
Тој истакна дека успешната надворешна политика на Владата предводена од СДСМ ја врати Македонија на вистинскиот пат и конечно повторно се отвораат европските перспективи за нашата земја. Претставници на раководството на СДСМ продолжуваат на средби со граѓаните од населените места ширум Македонија, отворено се разговара со граѓаните за сите актуелни прашања, се слуша нивниот глас и се следат нивните потреби.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Денеска топол ден низ цела Македонија

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информира дека денеска нѐ очекува претежно сончево и топло време, со слаб до умерен ветер, а долж Повардарието повремено ќе дува и засилен северен ветер.
Минималните утрински температури се движат од 8 до 18 степени, додека максималните ќе достигнат од 26 до 33 степени Целзиусови. Метеоролозите најавуваат стабилни услови во текот на целиот ден.
Во Скопје, времето исто така ќе биде сончево и топло. Ќе дува умерен, а во одредени делови од котлината и повремено засилен северен ветер. Температурата во главниот град ќе се движи од 14 до 31 степен.
„Очекуваме стабилно време и во следните денови, со претежно сончеви периоди и температури кои ќе останат високи за овој период од годината“, велат од УХМР.
Македонија
(Видео) ВМРО-ДПМНЕ ги објави имињата на уште осум кандидати за градоначалници

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, вечерва во Штип определи уште осум кандидати за градоначалници за претстојните локални избори.
ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука да му предложи на Централниот комитет.
1. Македонски Брод – Жарко Ристески.
2. Могила – Драганчо Саботковски
3. Пробиштип – Тони Тоневски
4.Богданци – Марјан Пеев
5. Демир Капија – Наталија Димитриева
6. Росоман – Ѓорги Крстевски
7. Новаци – Стевче Стевановски
8. Дебарца – Златко Силјановски
Пратеникот Антонијо Милошоски по состанокот изјави дека овие 8 кандидати за градоначалници се одговорни, исполнителни личности кои што својата активност ја докажале не само во рамките на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ туку имаат углед и во самите општини. Ним ќе им биде препорачано во следниот период, да си отворат што поголема комуникација со локалните граѓани во општините за да може да поработат директно на терен за составување на програмата која што е потребна за локални избори.
Централниот штаб ќе биде на располагање заедно со еден тим кој што ќе биде формиран за локалните избори, да им помогне за одредени проекти, кој што се од поголемо капитално значење за Македонски брод, Могила, Новаци, Пробиштип, Богданци, Демир Капија, Росоман и Дебарца.
„Цениме дека со овие 8 вечерва објавени кандидати за градоначалници и претходните 25, ВМРО-ДПМНЕ со самодоверба чекори кон локалните избори бидејќи сме единствената партија која што во моментов има обзнането имиња на 33 кандидати за градоначалници за кои што сметаме дека се на добар пат и да ја добијат довербата на граѓаните“, рече Милошоски.
За оние кои што се актуелни градоначалници, партијата смета дека дека со досегашната работа, ќе имаат добар кредит да ја добијат и понатамошната доверба.
Македонија
СДСМ: Јавното обвинителство се обиде да ја релативизира одговорноста на актуелните функционери

Според СДСМ, со денешната прес-конференција, Јавното обвинителство уште еднаш потврдило дека постои сериозен обид да се минимизира и релативизира одговорноста на носителите на актуелни функции и институции поврзани со трагедијата во Кочани.
Од опозициската партија велат дека наместо да се лоцира институционалната одговорност и да се повикаат на одговорност директорите на Државниот пазарен инспекторат, УЈП и други релевантни органи кои имаа обврска да постапуваат, фокусот се префрла на индивидуални случаи и на маргинални групи, избегнувајќи ја суштината – зошто и како фирма увезувала и со месеци продавала опасна пиротехника без дозвола, и кој тоа го дозволил.
Дополнително, како што се додава, наместо да се отворат посебни истраги за секој аспект од случајот – за незаконскиот увоз, за институционалниот надзор, за реакцијата на полицијата и за конкретните пропусти на диското, Обвинителството сѐ спакува во еден предмет, со што ризикува да се развлекува постапката со години, па дури и децении. Со ваков пристап, правдата станува недостижна – а тоа е неприфатливо.
„Сериозно прашање е и одлуката приведените полицајци и полициски функционери, кои биле одговорни кобната вечер, да се пуштат на слобода со мерки за претпазливост. Особено загрижува фактот дека двајца од нив биле пресретнати на пат кон граница со Бугарија, што отвора сомнеж за можно бегство и криење на вината.
СДСМ уште еднаш потенцира – без целосна и непристрасна истрага, без одговорност за институциите и носителите на функции кои затаиле, нема да има вистинска правда за жртвите и нивните семејства.
Граѓаните гледаат. И со право очекуваат правда“, се додава во партиското соопштение.