Македонија
(Видео) Нов лек за пациентите со мултиплекс склероза

Нова надеж за лицата со мултиплекс склероза во Македонија е пристапот до новиот иновативен, биолошки лек окревус (Ocrevus) или оцрелизумаб за лекување активни форми на релапсна мултипла склероза и прв и единствен лек одобрен во светот за третман на лица во рана фаза на примарно прогресивна мултипла склероза. Окревус е лек на фармацевтската компанија „Рош“ кој овозможува значителна супресија на сите маркери за активност на болеста и прогресија на инвалидноста, а воедно има поволен профил на односот помеѓу користа и ризикот за пациентите.
Лекот вчера беше промовиран пред стручната јавност. „Претставувањето на лекот во Македонија претставува значаен напредок во лекувањето и почеток на нова ера за пациентите со мултипла склероза во Македонија. Окревус е веќе одобрен во повеќе од 60 земји во светот, а до денес со него се лекувани повеќе од 40 000 пациенти“, изјави д-р- Александра Ивановска, директорка на „Рош Македонија“.
Лекот во Македонија е одобрен во април годинава од страна на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), а веќе е почната постапката за набавка на лекот за 13 пациенти.
„Од мултипла склероза во светот боледуваат повеќе од 2.5 милиони луѓе, а во Македонија бројот на лица е поголем од 1 200. Од оваа болест најчесто заболува младата популација, на возраст од 20 до 40 години. Mултиплекс склероза е хронична и инвалидизирачка болест, со трајни последици врз здравјето, мобилноста и инклузијата на пациентите во секојдневните активности и работоспособноста, но и голем товар за нивните семејства и општеството во целина. На Клиниката за неврологија во моментот се лекуваат 409 пациенти, од кои најголемиот дел 372 се на третман со терапија од прва линија (интерферони), a 37 на терапија од втора линија“, изјави д-р- Иван Барбов, специјалист по неврологија и директор на Клиниката за неврологија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Пронајдени двете девојки од Португалија кои се изгубија во реонот на Водно – Матка

Денес околу 17.00 часот од страна на Центарот за управување со кризи бевме известени за две изгубени туристки во реонот од врвот на Водно кон Матка, извести директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.
Како што информираше Ангелов, Дирекцијата за заштита и спасување итно извршила мобилизација на тимот за спасување на планина од Тетово и истиот веднаш бил упатен во пребарување на теренот.
Во 18.40 двете девојки од Португалија беа пронајдени и однесени до ресторанот Матка каде ги пречека Конзулот на Република Португалија, додава Ангелов.
Македонија
Дел од Ѓорче Петров утре без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека утре без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од улиците Веле Марков, Ибе Паликуќа, Воин Драшковиќ, Рафаел Батино. (општина Ѓорче Петров)
Македонија
Меџити прими жители од Страчинце: Анализите на експертите јасно покажаа дека отворањето на каменоломот ќе има сериозни последици врз животната средина

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денес ги прими во својот кабинет жителите од селото Страчинце, со кои одржа отворен состанок за одлуката за одбивање на барањето за отворање на каменолом во оваа скопско село.
Министерот Меџити ги информираше жителите за професионалните и институционалните причини што доведоа до оваа одлука. Анализите на експертите јасно покажаа дека отворањето на каменоломот ќе има сериозни последици врз животната средина, ризик од поплави и негативно влијание врз јавното здравје, велат од Министерството.
На состанокот беше истакнато дека приоритет е заштитата на животот и благосостојбата на граѓаните над секој економски интерес.
Меџити истакна дека следниот чекор е конечно поништување на концесијата во Влада, со што ова прашање ќе добие трајно решение.
Жителите на Страчинце се заблагодарија за одлуката и за приемот што го оствари министерот Меџити, нагласувајќи дека овој состанок е пример за владеење со отворен дијалог и чесна соработка со граѓаните.