Македонија
(Видео) Јанушев: Дојде живот само за Заев, Анѓушев, Шекеринска и Спасовски
Ветуваа живот за сите граѓани, а донесоа живот само за Заев, за Вицето, за Анѓушев, Шекеринска, Спасовски. Сите останати едвај преживуваат. Државата тоне во економска пропаст, народот се мачи во сиромаштија и беда, а криминалот царува по улиците, обвини Игор Јанушев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.
„Секојдневно како на пазар се лицитира и се распродаваат државните и националните интереси. Со името на државата се постапува како да е име на фирма на Заеви, далеку од очите на јавноста, за лични интереси на криминалниот картел на власт се преговара за сè и сешто и тоа се крие од граѓаните. До вчера Заев се колнеше дека не помислува на промена на Уставот за да го менувал уставното име, за потоа да нè убедува дека се премислил бидејќи му се видело убаво како име Илинденска Македонија. Сега ни кажува дека заради Грците и тоа име отпаѓа ама убаво ќе било и без тоа име да се преземе обврска за менување на Уставот“, рече тој.
Тој обвини дека убијци се шетаат на слобода и дека уште не е фатен убиецот на Мартин Јанушев. „Осудените од Смилковско Езеро се помилувани, исто како што се помилувани и осудените во случајот ‘Сопот’ кои подметнаа бомба и убија војник на НАТО. Помилувани се и убијците на полицајците пред Арачиново пред 18 години. Заедно со нив е помилуван и Заев. Клиентелистичкиот суд се прави слеп на снимката на којашто Заев бара евро за Вицето и евро за црквата“, рече Јанушев.
Според него, државата секојдневно се презадолжува и ја помина психолошката граница од 5 милијарди евра, а ниту еден единствен проект не е реализиран од криминално-картелската Влада.
„Сите ние имаме по некоја причина зошто треба да ѝ кажеме стоп и доста е на оваа криминална банда која владее како картел со Република Македонија. Сите ние сме сведоци на лични примери од секојдневието каде што оваа криминална банда нанесува штета. Затоа, ВМРО-ДПМНЕ како партија која секогаш била на страната на граѓаните уште еднаш Ве повикува да застанете рамо до рамо со нас во оваа битка за рушење на овој картел и оваа ненародна и расипничка Влада“, рече Јанушев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

