Македонија
„Глас за Македонија“: МПЦ му помага на Заев да го комплетира пакетот за името
Колку време е потребно владата на Заев да пропадне во гробот, што му го копа на својот народ со заговор, интриги и невидени лаги, прашуваат од политичката партија „Глас за Македонија“, чија претседателка е Солза Грчева.
Оттаму повикуваат на обединување на сите истомислечки сили во земјата и користење на расположивите демократски средства со цел уривање на оваа влада, со што, како што велат, би се спасила Република Македонија.
„Трагикомедијата на Зоран Заев и на неговата влада што ѝ ја приредуваат на Македонија веќе една цела година, секој ден има по еден нов скандалозен чин. Тоа до денес, не му успеало ниту на еден даровит драматург, ниту на еден политичар ‘лидер’. Освен дрското дезинформирање на јавноста за текот на преговорите со Ципрас, за кои ‘лидерот’ не доби дозвола од мнозинството на македонскиот народ, а за кои точните информации ни доаѓаат од југ (при што владата не сфаќа дека тоа е врв на понижувањето), вчера и денес, шокот на македонската јавност е поврзан со Црквата“, се наведува во партиското соопштение.
Притоа од „Глас за Македонија“ велат дека од објавеното писмо на владата упатено до Патријаршијата во Истанбул и од грчките реакции, со метод на, како што велат, вкрстување и редење камчиња во мозаик, сфатиле дека:
1. Владата на една секуларна држава се зафатила со пишување официјални писма до највисоки црковни институции, во случајов, до Вселенската патријаршија (ВП) во Истанбул
2. Премиерот Заев, на пратениците денес им тврдел дека со тоа писмо само го поткрепил писмото на Архиерејскиот Синод на МПЦ-ОА до Вселенската патријаршија, со цел да се реши канонскиот статус на нашата црква, а портпаролот на владата, тврдел дека премиерот не барал промена т.е. елиминација на името (Македонија, македонска).
3. Синодот на МПЦ – ОА, конечно, открил дека пред околу еден месец, испратил писмо до ВП барајќи решавање на својот канонски статус, како Охридска Архиепископија (без МПЦ), значи и тој не се откажал од името, само „го скратил“ за делот МПЦ, но останало историското, канонско име – ОА.
„Дека во случајов, работата на Заев да го комплетира пакетот за името во неговите лични преговори со Ципрас, ја врши и МПЦ, ни разјаснија грчките медиуми. Тие ги пренесоа изјавите на нивните политичари, дека Заев се обврзал да ја елиминира употребата на името и во називот на црквата, која нели, е Македонска Православна Црква“, велат од „Глас за Македонија“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
На едно семејство со четири члена му биле потребни близу 1.100 евра за да го помине декември
Вредноста на синдикалната минимална кошница што ја пресметува Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) за декември годинава изнесува 65.492 денари и е за 319 денари зголемена во однос на минималната кошница за минатиот месец кога изнесуваше 65.173.
ССМ денеска информираше дека со изнајмен стан од 60 метри квадратни за декември синдикалната минимална кошница изнесува 80 .867 денари.
Според пресметките на ССМ, во декември за храна и пијалаци се потребни 23.640 денари, за Образование 7.159 денари, за Станарина, вода, електрична енергија, и греење 6.130 денари, Облека и обувки 5.875 денари, Транспорт 4.636 денари, Ресторани и хотели 4.131 денар, Комуникации 3.417, Лична хигиена и оддржување на хигиена во домот 2.620 денари.
Заменик министерот за економија и труд, Марјан Ристески на 17-ти месецов најави дека од 1 јануари освен што синдикатите ќе ја пресметуваат минималната потрошувачка кошничка и тие како Влада ќе прават пресметка за просечна потрошувачка кошничка, која ќе биде за најмалку четиричлено семејство. На оваа тема ќе се разговара на Економско –социјалниот совет, кој е закажан на 22 декември (понеделнк).
– Ќе бидат земени параметри од најголемите маркети во Македонија, ќе бидат земени параметри од страна на основните прехранбени производи, за се она што е потребно за еден просечен живот, за едно просечно македонско семејство. Исто така ќе бидат земени и од различни региони и најчесто овошјето и зеленчукот ќе биде земен она коешто е карактеристично за периодот, кога се пресметува во текот на годината, изјави Ристески.
Македонија
Боки 13 ја вознемирувал Русковска, таа го пријави во полиција
Поранешната обвинителка Вилма Русковска поднела пријава до полицијата против Бојан Јовановски – Боки 13 за телефонско вознемирување.
Според пријавата, инцидентот се случил вечерта на 18 декември 2025 година, кога Јовановски, додека бил во живо вклучување на „Јутуб“, повеќепати телефонски ја контактирал Русковска, и покрај нејзиното одбивање на повиците.
Од снимката што циркулира на социјалните мрежи може да се види дека разговорот бил проследен со навредливи и вознемирувачки изјави од страна на Јовановски. Русковска во еден момент го предупредила дека доколку продолжи со повиците, ќе го пријави во полиција, по што повиците сепак продолжиле.
Од Министерството за внатрешни работи за медиумите ја потврдија пријавата и информираа дека работат на расчистување на случајот.
Македонија
Пратеникот Јанчев кој имаше сообраќајка во која загина тинејџер доби обвинение, свртел на место каде не смеел
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против Сашко Јанчев, пратеник од партијата Левица, за кривично дело „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, согласно член 300 став 4, во врска со член 297 став 3 и став 1 од Кривичниот законик.
Обвинението се однесува на тешката сообраќајна несреќа што се случи на 14 септември, по полноќ, во скопското село Марино, во која животот го загуби 16-годишниот Матеј Димовски, а неговата 13-годишна сопатничка беше тешко повредена.
Според Обвинителството, по спроведена истражна постапка, обезбедени се сите релевантни докази и извршени се соодветни вештачења со кои се утврдени причините за несреќата.
Обвинетиот управувал патничко возило „Хјундаи Тусон“, при што не се придржувал до сообраќајните прописи и со своето однесување го загрозил јавниот сообраќај и безбедноста на учесниците.
„Осомничениот непрописно свртел со возилото, без претходно да се увери дека маневарот може да го изврши без да ги загрози другите учесници во сообраќајот“, наведува Обвинителството.
Во тој момент, во возилото удрил мотоцикл марка „Јијинг“, без регистарски ознаки и без вградени светлосни уреди, со кој управувал починатиот 16-годишник. Според официјалните наводи, мотоциклистот немал возачка дозвола, а ниту тој ниту неговата сопатничка не носеле заштитни кациги.
Како последица на тешките повреди здобиени во сообраќајната несреќа, малолетниот возач на мотоциклот починал, додека девојчето кое било сопатник се здобило со тешки телесни повреди.

